House of pain на Exit 2011

hous-of-pain-na-exit-2011-povekjeНа мејн стејџот на Егзит зовриена атмосфера, бидејќи својот настап го поврдија хип-хоп Американците со ирски корен, The House of Pain. Членовите...


...на бендот Everlast и Danny Boy одлучија повторно да се соберат и со фановите да ја прослават својата дваесетгодишница од постоењето. На Fusion бината не очекува и шармантниот холандски инди-рок бенд Go Back To The Zoo, сопствениците на хитот „Beam Me Up“, кој ги лансираше на светската инди сцена.

hous-of-pain-na-exit-2011-1

Звучи неверојатно, но Jump Around, најголемиот хит на горделивиот бенд со ирско потекло излезе далечната 1991. година. Истоимениот албум, издаден истата година во потполност ја смени историјата на хип-хопот, достигнувајќи мулти платинест тираж, а химната Jump Around се искачи на третото место во САД и осмо во Велика Британија.

Пет години подоцна членовите на бендот се растурат посветувајќи се на самостојни кариери. Еверласт започнува соло музичка кариера која го вклучува трострукиот платинест албум, доминацијата на топ листите, како и здобивањето со Греми, додека Danny Boy се посветува на успешна компанија која се занимава со уметноста.

Во новата декада членовите на House of Pain се подготвени да ги израдуваат обожавателите  ширум светот со турнеа. Еверласт: "Изминати се дваесет години и многу сме возбудени поради  заедничката турнеја. Секој концерт ке биде како роденден… ќе биде лудо"!

House of Pain доаѓаат да ги освојат новите генерации непослушни тинејџери и да им покажат колку може да биде сиров и валкан нивниот хип-хоп и да докажат дека нивната музика можат да ја препознаат сите.  Секој, без оглед на годините, расата, религијата или музички вкус – ќе почне да скока!

hous-of-pain-na-exit-2011-2

Go Back to the Zoo е холандски инди рок бенд кој иницијално ги формираа браќата Teun и Kas, како и нивниот пријател од детството Брам. Идниот басист на бендот го запознаваат во редица за концертот на The Strokes и историјата започнува! 2008. година го издаваат првото EP, а во 2009 потпишуваат договор со Универзал и го издаваат синглот „Beam Me Up“ кој им донесува инстант успех. Истата година го издаваат вториот сингл „Electric“, а во 2010. година и студиското деби „Benny Blisto“. Go Back To the Zoo е дефинитивно бенд на кој годинава треба да му се повети посебно внимание.

Exit фестивал ќе се одржи од 7. до 10. јули на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, а во четирите фестивалски дена ќе се претстават 600 изведувачи на дваесет бини. Оваа година Exit го дочекува и својот двомилионски посетител!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Подобро да веруваш и да бидеш разочаран, и да ја одболуваш таа доверба и тоа разочарување, отколку да се сомневаш во нечие срце, кое, ако си му верувал, би било благословено со вистинска верба.
Франсис Ен Кембл