Нова генерација Ауди А3

nova-generacija-audi-a3-povekjeНовата генерација на популарното Ауди А3 ќе се појави во изложбените салони во втората половина на 2012 година. А3-ката доаѓа во две каросериски...


...изведби - седан и компактна, а во понудата ќе бидат вклучени и шест ралични мотори.

Поточно, се работи за мотори на шест различни погонски горива. На располагање ќе бидат бензинскиот и турбо-дизел моторите, потоа модели со погон на компресиран природен гас, бензикско-електрични хибриди, "plug-in" хибриди, и чисти електрични модели.

Информациите се потврдени од страна на Michael Dick, главниот инженер на Ауди. Први ќе пристигнат TDI - турбо-дизелските и TFSI бензинските модели, кои ќе имаат и до 20% поекономична потрошувача од моменталните модели. Ова заштедување во потрошувачката се должи пред сè на стоп-старт технологијата и енергијата која се добива при кочењето.

Постепно потоа ќе излегуваат и преостанатите модели.

Првиот концепт би можел да биде претставен уште во септември оваа година за време на франкфуртското Aвто-Шоу.

nova-generacija-audi-a3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
И покрај сите страдања што ги гледаме и што не стегаат околу вратот, имаме незапирлив инстинкт кој нé држи исправени.
Блез Паскал (1623-1662)