Велигденска борба со јајца

veligdenska-borba-za-polna-torba-povekjeНа 25-ти април 2011 година (понеделник) на плоштадот „Македонија“ (пред влезот на ГТЦ), со почеток во 12:00 часот, Групација Жито Вардар...


...организира натпревар во кршење на Велигденски јајца!

Настанот кој е во духот на најголемиот христијански празник Велигден и е од забавен карактер, всушност претставува натпревар помеѓу граѓаните на Република Македонија во кршење на Велигденски јајца, кои ќе им бидат доделени на самите учесници пред почетокот на натпреварот.

Натпреварот ќе се одвива во неколку рунди, а најдобрите тројца натреварувачи, Групацијата Жито Вардар ќе ги награди со вредни награди од сопствено производство. Покрај наградените тројца, сите учесници без разлика на својот пласман, ќе добијат подарок пакување од 6 ЖИ-ВА јајца.

veligdenska-borba-za-polna-torba

Сите граѓани на возраст од 8 до 88 години се добредојдени да земат учество на натпреварот со едноставно пријавување на еден од штандовите на ЖИ-ВА на самиот плоштад, еден час пред почетокот на натпреварот.

Натпреварот „Велигденска борба за полна торба“, кој во иднина се планира да прерасне во традиција, има единствена цел да ги забавува граѓаните на Македонија, со цел симболично да се одбележи првиот ден од најголемиот празник Велигден.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Сите големи нешта се едноставни и најчесто се изразуваат со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж.
Сер Винстон Черчил (1874-1965)