Изградете сопствен имиџ

izgradete-sopstven-imidz-povekjeИмиџот е комбинација на вашите внатрешни и надворешни квалитети. Дали понекогаш се прашувате како некоја личност станала успешна?


Што ја прави таква? Ок, таа е одлична водителка, пеjачка, сликарка, писателка... Сè лежи во воспитувањето, развивањето на самодоверба, што е неопходно за подоцна да се преставите себеси во разни ситуации. При тоа треба да се внимава, бидејќи и преголемата самодоверба може да нанесе штета.

izgradete-sopstven-imidz

Ако од детството земете доза на самодоверба, имате добри темели за градење на сопствениот имиџ. Дали сте знаеле дека е потребно само 30 секунди за некој да донесе мислење за вас? Многумина зборуваат дека треба само убаво да се облечете и сите ќе зборуваат убаво за вас, колку е тоа погрешно...

Имено, личниот имиџ е комбинација на вашите внатрешни и надворешни квалитети. Што се однесува до облеката таа треба да ви одговара и не е нужно слепо да се следат модните трендови. Најубавото парче облека, ако вам не ви одговара, немојте да го носите. Ако е потребно побарајте совет од некоја пријателка или експерт, затоа што луѓето околу вас, особено ако сте експерт за некое подрачје, прво гледаат, а потоа слушаат.

Дали можете да замислите финансиски советник кој ви доаѓа на состанок во црвени лаковани чевли и костум со леопард дезен? Ретко кој би му дал ни овци на чување, а камоли да му ги довери парите.

Секако дека облекувањето треба да се прилагоди со деловното подрачје со кое се занимавате, но немојте никогаш да заборавите дека е многу важно во таа облека убаво да се чувствувате, затоа што ако кошулата, или сакото ви ги ограничуваат движењата, нема да можете со гестикулација да го изразите она што сакате да го кажете и постои можност да се заплеткате во сопствените реченици.

За формирање на сопствениот имиџ многу е важно да бидете сигурни во она што го работите, или зборувате затоа што луѓето се врзуваат за личности, а не за банки или слично. Ако имате омилен референт, благајничка, фризерка, тогаш знаете за што зборуваме.

Веруваме дека тие ви се омилени затоа што добро си ја работат работата и им верувате. Тоа е уште еден важен аспект при градењето на имиџот, градењето на доверба со луѓето. Важно е да работите и на невербалната и на вербалната комуникација затоа што таа е многу важна и воедно е начин на кој луѓето ве доживуваат.

Работете на себе и немојте да бидете површни затоа што луѓето тоа не го сакаат, а многумина знаат дека тоа е одраз на вашата несигурност. Најважно, бидете она што сте, ако не сте вешти во кажување вицови немојте со сила да кажувате.

Сигурно поседувате некои други квалитети кои ги развивате и кои ќе ја заокружат приказната и впечатокот што ќе го оставите кај другите.

Луѓето сакаат симпатични личности, чувствителни, професионални, на кои можат да се потпрат и единствено што ви преостанува е да пронајдете свој начин како да се здобиете со тие особини и да изградите сопствен имиџ онаков како што сакате.

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека Сингапур е како земја oд друга планета (и навистина кул место за живот) Лулашки во парк за инвалидска количка, капсули за спиење во универзитетски библи...
Болно, но вистинито: 20 илустрации што реално го отсликуваат модерниот начин на живеење Секој човек е на својот остров со својот мобилен телефон, кога ќе ни снема батер...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...
Работи кои се нормални во Јапонија, но на туристите им изгледаат како од друг универзум Купуваат лекови скршени на половинка, кога врне си земаат чадор од автобус па го...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Немој да правиш мали планови, во нив нема магија... Прави големи планови, цели високо во надежта и работата.
Даниел Х. Бурнхам