Поучна приказна: Зошто луѓето викаат?

Хиндуистички учител наишол на семејство чии членови луто се дереле еден на друг. Се насмевнал и ги запрашал своите ученици: „Дали знаете зошто луѓето викаат едни на други кога се лути?“

poucna-prikazna-zosto-vikame-koga-sme-luti-01

Учениците размислувале некое време. Еден од нив одговорил:

„Викаме затоа што го губиме трпението.“

„Но, зошто мора да викаме кога другиот е покрај нас?“ – прашал учителот.

Учениците дале уште неколку одговори, но учителот не бил задоволен од ниту еден.

Конечно се решил да им објасни: „Кога луѓето се лутат, нивните срца се оддалечуваат. За да ја покријат таа оддалеченост мора да викаат за да се слушнат. Колку се полути, толку погласно викаат.“

„Кога луѓето се сакаат, не викаат еден на друг туку зборуваат нежно затоа што нивните срца се близу. Разликата меѓу нив не постои или е многу мала...“

poucna-prikazna-zosto-vikame-koga-sme-luti-1.jpg

Хиндуистичкиот учител продолжил:

„Кога се сакаат уште повеќе, знаете ли што се случува? Шепотат и се приближуваат меѓусебно сè повеќе. На крајот веќе нема потреба ниту да шепотат, туку само се гледаат и се разбираат.“

„Затоа, кога се расправате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат. Не кажувајте работи кои не ги мислите, затоа што ќе дојде денот кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што нема да го најдете патот по кој ќе можете да се вратите назад.“

poucna-prikazna-zosto-vikame-koga-sme-luti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Сè се врти во круг. Сите сме одговорни за сопствените дејства. Ќе ни се вратат.
Бети Лавердур