Бакнежот никогаш не лаже

baknezot-nikogas-ne-laze-povekjeСпонатни, страсни, извештачени, куртоазни, помирливи, невини, еротски, рамнодушни...Колку луѓе, толку и бакнежи. Има и такви, „во празно“...


...со гласно „цмок“, кога нечии усни ќе се приближат до вашиот образ, но нема да го допрат...

baknezot-nikogas-ne-laze

Безброј видови и секој бакнеж може да се анализира за да се дознае нешто повеќе за личноста што ве бакнува, за тоа што сака и какви карактерни особини има.

Така, се верува дека сте страствени ако при бакнување ја навалувате главата на десно, а доколку ја навалувате на лево, вие сте срамежлива личност.

Дали знаете дека ќе живеете подолго ако секое утро ја бакнете саканата личност и дека оние што почесто се бакнуваат се поздрави, поуспешни, посреќни? Доколку верувате дека тоа не е шега, поточно дека во секоја шега има половина вистина, јасно е дека врз основа на бакнежот можете да процените за каква личност станува збор.

Познати се и лековитите својства на бакнежот: научниците тврдат дека бакнувањето е добро за здравјето, но и дека позитивно делува на нашата способност да се соочиме со животните предизвици и проблеми. Бакнувањето нè прави посилни и посигурни во постапките. Тоа понатаму значи дека оние кои во текот на денот почесто се бакнуваат со саканата личност, никогаш не одат на боледување, остваруваат поголем личен доход и ретко доживуваат сообраќајни несреќи.

И додека скептиците се прашуваат која е целта за ваквите истражувања и се сомневаат во вистинитоста на ваквите тврдења, романтичарите тврдат дека е апсурдно да се теоретизира за еден ваков ирационален чин како што е бакнежот.

Доколку сакате да откриете дали има вистина во овие тврдења, прашајте ги заљубените како се чувствуваат кога ќе се бакнат и веднаш сè ќе ви биде појасно.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
5 чудни работи што се случуваат кога ќе се вљубите По неколку испиени чаши вино, полесно ви е да разговарате дури и со луѓето кои е...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...
3 знаци дека треба да го откажете првиот состанок со личноста што сте ја запознале онлајн „Ако некој зборува лошо за поранешниот партнер и тоа пред првиот состанок, тоа м...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Без оглед колку работите изгледаат црни или всушност се, крени го погледот и види ги можностите - секогаш види ги зошто секогаш постојат.
Норман Винсент Пил