Тајната на совршената брада

tajnata-na-sovrsenata-brada-povekjeШто најмногу ги привлекува жените? Бицепси, трицепси, полн паричник и брз автомобил? Не! Чистотата, уредноста и негуваниот изглед...


...секогаш ќе го привлечат женското внимание, а се останато доаѓа понатаму.

tajnata-na-sovrsenata-brada

Негуваниот изглед, секако подразбира покрај грижата за своето тело и редовно бричење на брадата. За да имате совршено уредна брада, мора да се одвои доволно време за нега на лицето.

Секогаш бричете се наутро, по туширање, бидејќи тогаш кожата на лицето е најопуштена, а брадата помека. Тоа значително ќе ви го олесни бричењето. За полесно да се избричите користете гел или крема за бричење, избегнувајте пена или сапун.

Немојте да штедите на квалитетот на жилетите за бричење и по можност користете такви што имаат два или три слоја сечива.

Кога ќе дојде ред да се исплакне жилетот, обавезно користете жешка вода.

Жилетот исплакнете го по секој потег на бричење, за да ја зголемите неговата ефикасност и да го намалите ризикот од оштетување на кожата. Кратките и прецизни потези се најсигурното решение.

Постојано имајте на ум дека за малиот машки ритуал, бричењето, потебно е доволно време. Немојте никогаш да се бричите на брзина, додека брзате за во град или пак на работа!

Патем, кожата секогаш избричете ја два пати. Првиот пат поминете со жилетот во смерот на растење на влакната, а потоа ставете повторно гел или крема и уште еднаш поминете во спротивната насока. Така вашето лице ќе стане сосема мазно.

По секое бричење, добро измијте го и исушете го лицето за да не останат трагови од гелот, или кремата што сте ги употребувале. Потоа, нанесете лосион или крема со смирувачко дејство.

На крајот, доколку не спаѓате во категоријата мажи со „брзо растечка брада“, брадата треба да се бричи секој втор или трет ден.

Би можело да ве интересира:

Паметен фустан кој „оживува“ додека го носите и го менува дизајнот - го освои светот (видео) Фустанот Project Primrose, на софтверската компанија Adobe, во преднио...
Принтот кој ги освои сите трендсетерки – дали и вие имате парче со овој дезен? (фото) По малку психоделичен, но нималку хипи, тренд кој ѕирка во бохо стилот, дезенот ...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Како да го одберете совршениот пар фармерки, без воопшто да ги пробувате? Ако не ви се чека во редица или, едноставно, ве мрзи или немате време да пробува...
Уличната мода во Скопје, преку нова доза на папарацо фотки на македонски Инстаграм профил Oд плетени чанти како моден додаток до „опседнатост“ со риги, какви стајлинзи но...
Македонски и регионални ѕвезди кои го сакаат трендот со светки: Вера Мештеровиќ во блескав фустан, Н... Антониа Гиговска, Елена Најдоски и Николина Пишек се појавија на настан во блеск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Патувањето од илјада милји почнува со еден единствен чекор.
Лао Це (6-ти век пр.н.е.)