Бидете дел од магичниот настан

bidete-del-od-magicniot-nastan-povekjeМагоничарски трикови, жонглери, танчери, музика и хумор. Зачудени и изненадени лица, детска смеа и уживање во 2 часа на 15 мај (недела) во Универзалната сала. 


На 15 мај во 20 часот во Универзалната сала ќе се одржи Фестивал на илузијата. Замислен како повеќечасовно дружење со илузијата, фестивалот е составен од официјална програма и предпрограма.

На платото пред Универзалната сала почнувајќи од 18 часот, седум илузионисти од Македонија – Меџик Роби, Мистер Магнус, Горјан Велковски, Хари Кацановски, Бенито, Мартин Грковски и Владимир Поповски ќе изведуваат магоничарски трикови и ќе ја воведуваат публиката во големото шоу.

Од 20 часот во рамки на официјалната програма ќе ги погледнеме Меџик Кристијан или македонскиот Дејвид Коперфилд кој пред домашната публика ќе изведе големи илузии, дел од репертоарот на Коперфилд и гостинот од Србија, двократниот балкански првак во илузија, популарниот маѓоничар Игор Трифунов со неговата асистентка Ана Димитријевиќ.

Репертоарот на илузиите се чува во строга тајност но, се знае дека од триковите ќе застанува здив. Публиката ќе има можност на сцената да ја види и македонската ѕвезда Елена Ристевска како жртва во една од големите илузии кои ќе бидат изведени.

Фестивалот на илузијата има за цел да го поттикне магоничарството како сценска уметност во земјава и да ги охрабри младите илузионисти во процесот на нивното надградување.

Настанот е од хуманитарен карактер. Собраните средства се наменети за реновирање на интернатот за деца со посебни потреби при Државното средно училиште „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Билетите за настанот можат да се купат на касата на Универзална сала.

Дојдете ќе бидете магепсани.

Добитници на по 2 карти за настанот се:

Игор Богданоски

Олгица Тасевска

Маргарита Зајковска Дуковска

Картите може да ги подигнете на касата на Универзалната Сала пред почетокот на настанот. Со себе понесете документ за идентификација.

bidete-del-od-magicniot-nastan

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Постигнал успех оној кој живеел добро, често се смеел и делел многу љубов, кој уживал восхит и љубов од добри луѓе, кој ја исполнил својата улога и својата задача, кој светот го напуштил подобар отколку што го нашол.
Беси А. Стенли