Предлог: Топ хорор филмови

predlog-top-horor-filmovi-povekjeЗа љубителите на хорор филмовите, оваа недела подготвивме неколку добри хорори. Бидејќи сè повеќе хорори се заосноваат на насилство, крв и убиства...


...решивме да ви предложиме неколку паранормални и психолошки хорори за гледање во друштво.

Овие хорори загарантирано би ве исплашиле, а и смеењето во овој случај ќе биде неизбежно како добра пауза меѓу сцените на плашење, бидејќи сигурно после секоја страшна сцена барем еден од друштвото ќе подрипне или врисне, па останатите ќе „пукаат сеир“.

За жал, одамна веќе како да изумира овој жанр, кој порано имаше многу добри класици како Егзорцист, Розмариното бебе, Сјаење, Кери, Хоророт од Амитвил и ред други филмови со култен статус.

Сепак, колку толку се наоѓаат и по 2000-та неколку хорори кои добро би ве размрдале иако не можат ниту малку да се доближат до филмовите од златната ера по квалитет, глума и продукција.

Денес очигледно важни им се само специјалните ефекти. Еве ја листата на предлози, скроена по наш вкус и искуство.

Уживајте и нормално додате некој предлог за кој сметате дека вреди да се најде заедно со веќе наведените.

Предлог број 1: The House of the Devil

Филм кој е најблиску до начинот и квалитетот на снимање на култните хорори од 70-ти и 80-ти.Тензија и напнатост се главните елементи на ова остварување.

Кратка содржина: Млада студентка се јавува на оглас за бебиситерка и ја поминува ноќта во куќата на огласувачите, не насетувајќи што се ја очекува во текот на ноќта...

Предлог број 2: Paranormal Entity

Ако ви се допаднаа паранормал активити 1 и 2, или пак сте од оние што изгубија желба да ги гледаат после разноразните коментари за нив, би можеле да го погледнете овој филм кој е сличен на нив, иако нискобуџетен и со на моменти глупави сцени, сепак го има оној фактор на страв. Мислењата околу овој филм се поделени- или ќе ви биде екстремно глупав или ќе ве извади од кожа.

Кратка содржина: Видеото е доказ дека убиството на една млада девојка во 2008 година, не е извршено од човек, ниту пак од било кое живо суштество кое го познаваме....

Предлог број 3: The Orphanage

Филм на маестралниот режисер Гилермо Дел Торо. Иако е од шпанско говорно подрачје, многу е подобар од поголемиот број филмови од американскиот пазар. Хорор со елементи на психолошка драма кој вреди да се погледне.

Кратка содржина: Една жена заедно со своето семејство се враќа во домот во кој живеела како мала.Се изгледа добро, се додека нејзиниот син не почне да спомнува дека си игра со „невидливо„ другарче....

Предлог број 4: Session 9

Можеби ќе ви биде смешно дека глуми Хорацио од ЦСИ, но ова е еден од подобрите филмови со духови.

Кратка содржина: Тим кој ќе работи во напуштената психијатриска болница ќе се соочи со паранормални активности и ќе го осети гневот на изгубените души...

Предлог број 5: Dead Silence

Ако сте од оние кои се плашат од језиви кукли, кловнови и слично, ќе уживате во овој филм. Загарантирано барем 3-4 пати ќе рипнете од местото на седење, за време на гледањето.

Кратка содржина: Еден маж кој откако ќе прими пратка- сандак со кукла, ќе ја најде својата сопруга убиена во нивниот дом. Поради мистериозноста на случајот и трагите кои водат кон неговото родно место, тој се враќа таму да ја истражи мистериозната смрт...

Предлог број 6: Silent Hill

Иако заоснован на видео игра, страшно морничав филм, за кој едвај се очекува второто продолжение.

Кратка содржина: Една млада жена оди да ја бара својата исчезната керќа во мало гратче по име Сајлент Хил.Градот е најчуден што може да биде, изолиран и полн со мрачни тајни...

Предлог број 7: [REC]

Уште еден филм од шпанско говорно подрачје снимен на сличен начин како паранормал и блер вич проџект.

Кратка содржина: Новинарка заедно со својот камерман, се наоѓа затворена во зграда, каде што изгледа дека се шири некој вид на вирус, па сите станари се ставени во карантин заедно со нив.Теророт почнува, а секој се бори за излез од запечатената зграда...

Предлог број 8: The Haunting in Connecticut

Полтергејст, духови, паранормална активност, опседната куќа...а башка базирано на вистинска приказна.

Кратка содржина: Фамилија се сели во нова куќа каде се сретнува со натприродни сили непознати за нив...

Предлог број 9: The Echo

Пак духчиња, опседнатост или пак нешто друго...

Кратка содржина: Дечко се сели во станот на својата почината мајка и секоја вечер се соочува со викотници и караници од страна на неговите соседи....

Предлог број 10: Grave Encounters

Иако овој филм сеуште не е излезен (излегува во август оваа година), сепак бидејќи е независен, нема да привлече толку внимание на топ листите, (или се надеваме дека ќе успее), сепак е еден од подобрите филмови со духови и нормално преполн со застрашувачки сцени....

Кратка содржина: Група млади луѓе снимаат реално тв шоу за духови во психијатриска болница...

Предлог број 11: The Messengers

Има и втор дел од филмот кој за среќа е доволно страшен како и првиов.

Кратка содржина: Семејство се сели на фарма, каде што почнуваат да им се случуваат необјасниви случки...

Предлог број 12: House

Приказна со се и сешто, доволно да ве држи заинтересирани до самиот крај...

Кратка содржина: Млада двојка после сообраќајна несреќа на патот, бараат засолниште да ја поминат ноќта. Доаѓаат до куќата во која не знаат што ги очекува...

Предлог број 13: Fragile

Понекогаш и децата знаат да бидат морничави...

Кратка содржина: Во една детска болница, постојано се случува болните дечиња да скршат рака или нога а никој да нема рационално објаснување за тоа, хмм... како ли се случува тоа...

Предлог број 14: 100 Feet

Последен предлог за оваа недела, но и еден од поморничавите.

Кратка содржина: жена го убива својот маж во самоодбрана по што ја сместуваат во куќен притвор. таа открива дека е опседната од вознемирен дух кој не и дава мир...

Продолжува....

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации „Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Живот на -40ºC: Зимите во Сибир се како од друга планета (фото) Кога температурата ќе падне на -40ºC, сè наоколу замрзнува, дури и трепките на л...
Сопругот ја убил, нејзиниот дух помогнал во решавањето на случајот: Морничавата приказна на Елва Хес... Постојат многу застрашувачки, тажни, но и бизарни приказни за натприродни појави...
Фотки што докажуваат дека Данска е земја како никоја друга Телевизија која организира бесплатни проекции на филмови на отворено, улици кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успехот ти носи многу работи, но не и она чувство на длабока среќа кое ти го дава љубовта.
Семјуел Голдвин (1879-1974)