Македонски поздрави/честитки

Пред некоја вечер случајно налетав на оние “поздрави и честитки“ на кои се смеевме порано и кои станаа “ултимејт“ хит.

makedonski-pozdravi-i-cestitki-001.jpg

Да ве потсетам, мислам на оние од типот на - мажот ја поздравува жената која оди на пат со песната “Иди широко ти поле“... или поцрнохуморестите како - дедото ја поздравува својата внука инвалид со песната “стани моме да заиграш“, ама тоа е хумор кој не секому му е смешен, многу разбирливо...

И така дојдов до идеја да седнам и напишам една серија “поздрави и честитки“ инспирирани од наслови и текстови на македонски песни, некои прилагодени на актуелни, но и класични ситуации и случки во нашава земја, а некои нормално фиктивни поздрави и честитки.

Ќе си дадам за слобода да си ја цензурирам колумнава со напомена - Стоп за луѓе без смисол за хумор, а уште повеќе стоп за оние без смисол за црн хумор.

Немам намера ниту да навредам некого, ниту да исмејувам... едноставно сакав само малку да се посмееме во ова “тмурно доба“.

П.С. Немојте случајно на некој да му текнало да си ги престави овие “честитки“ како народни умотворби, или пак свои... пазете се, сè со адвокати и правници се дружам.

Шала на страна, уживајте драги мои и слободно “шерувајте.

1. И посакувам многу среќа на помалата сестра на тестот по математика со песната “лесно ко два и два“

2. Есма му посакува среќен роденден на пријателот заедно со своите 40 деца и 128 внуци со песната „роденден, мала забава, еве дојдов без да ти се најавам “

3. Последен поздрав до жена ми која неодамна се удави во реката близу село Коњско со песната “кој ја мати водата на коњите“

4. Адела од пред мтв ја повикува својата 17 годишна колешка Вики на работа трета смена со песната “мамо пушти ме“

5. Другарките ја поздравуваат Босилка што ја оговараа цел ден со песната “кога те нема, најприсутна си тогаш“

6. Гласачите ги поздравуваат своите омилени партии со песната “во дилема сум, дали со срце или ум“

7. Мајката на својот син му ја честита веридбата со девојката од Белград со песната „вештица из србије“

8. Педофилот се кае поради своите злодела и им се извинува на своите жртви со песната “завољех те лудо, чини ми се, од роџења“ а тие му го простуваат злосторството со песната “нели ти стига мојата младост кажи ми ти“

9. Перо и Јонче го поздравуват својот сосед Сокол кој пие пред коперација со песната “море сокол пие“

10. Девојката го поздравува својот спонзор на кој моментално му се блокирани картичките со песната “кикирики ќе продаваш само да ме издржаваш“

11. Честито успешно лечење од алкохолизам на Ванчо му посакуваат пријателите со песната “дајте му нему вино ракија, пак нека пие, да се опие“

12. Васил им честита роденден на својата жена Ника и швалерката Марика кои се родени во ист ден со песната “ника, ника, убава марика“

13. Спонзорушата која останала без пари во такси го поздравува својот дечко со песната “ах каде е мојто либе“ во меѓувреме таксистот ја поздравува неа со песната “спушти се доле“

14. Охриѓани ги поздравуваат Дојран и Преспа и им посакуваат успешна туристичка сезона со песната “летна шема почнува, цело Скопје во Охрид патува“

15. Директорот на џез фестивалот ги поздравува сите присутни во универзална, кои наместо на своите седишта дремат во фоаје со песната “луѓе џган, џез, џез забава до бесвест“

16. Сопругата го поздравува својот бивши импотентен сопруг со “сакам по добро да те памтам“

17. Менче од втора маса у Деспина го поздравува својот удварач од прво сепаре со песната “абре чичо, стар си нема фајде“

18. Другарките на својата пријателка Калина и го честитаат првиот анален секс во животот со песната “назад, назад калино моме“

19. Дечкото што трипати го вратија на врата во диско, го поздравува вратарот со песната “во твојот свет, ќе дојдам јас, ќе најдам пат, за да бидам со тебе“

20. Дистрибутерка на козметика од Авон, го замолува својот претпоставен да и го донесе списокот на клиентки кој го заборави кај него во панталони со песната “1003 жени во џебот имаш ти“

21. Работничката од бурекџилница ја поздравува газдарицата поради наредбата ноќта да прават бурек со косата фатена во репче заради одржување хигиенски услови со песната „рано е да се врзам“

22. Хомосексуалецот го поздравува својот бивши дечко кој глуми пред сите дека е хомофоб со песната “ќути жити се, иста сорта сме“

23. Нимфоманката ги поздравува сите свои пријатели со “се шекнувам и клекнувам на колена пред срам“

24. Бети од батинци и го честита купувањето на нова столна ламба на својата старосватица со песната „сонце гледам, сонце не ме грее“

25. Мики ги поздравува своите три швалерки со песната „сонце за три света“

26. Плавуша со бавни сфаќања го поздравува бендот што свири во кафаната со песната „свирете ја зајди, зајди тивко ПОЛЕКА“

27. Веселинка го поздравува својот маж кој ја тепа, но сигурна е дека ја сака со песната “мачо, мачо ти си цар“ а ако не сте во можност да ја пуштите таа, ќе ве молам “удри јако“ од куку леле

28. Сузе и Мери студентки од внатрешноста дојдени во Скопје заради брак со богати мажи, ги поздравуваат сите од родна грутка со песната “ова е само наше скопје, тука ни е сè“

29. Келнерката во локалното биртииче се фали со својата голема заработка, и појма нема зошто му фалат 4.000 денари на газдата во крајната пресметка, а воедно ги поздравува сите други келнерки со песната “штом се сака, се прави како мене вака“

30. Вработените ја поздравуваат најславната македонска невеста и јавно и кажуваат колку многу ја саакаат и обожуваат со песната “мајка и е управник, татко и директор“

Продолжува...

Автор: Тина Мицковска

Би можело да ве интересира:

За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Вистинските вредности не се промениле. Сеуште е најдобро да си искрен и чесен, да правиш колку што можеш повеќе од она што го имаш, да те усреќуваат малите задоволства и да имаш храброст кога нештата ќе тргнат наопаку.
Лора Ингалс Вајлдер (1867-1957)