Скопје Startup Weekend

skopje-startup-weekend-povekjeВо рамките на 4-та Глобална недела на претприемништво под мотото “Од идеја до бизнис за 54 часа“ од 24 - 26 Јуни на Универзитетот ФОН во Скопје...


...ПСМ Фондација ќе го одржи првиот Startup Weekend, настан за генерирање на иновативни идеи и нивна трансформација до успешен бизнис модел.

skopje-startup-weekend

Startup Weekend е интензивен 54 часовен настан кој ќе се фокусира кон креирање на мобилни, десктоп или интернет решенија кои понатаму би можеле да се трансформираат во продуктивен бизнис. За време на викенд натпреварот кој ќе се одржи на ФОН универзитетот ќе се создаде панел од луѓе со различни профили и знаења - првенствено луѓе со идеи, маркетинг креативци, бизнис планери или правни генијалци, дизајн гуруа и секако развивачи на софтвер, со цел да се креираат продуктивни апликации со комерцијална стратегија за нивно имплементирање.

Младите луѓе кои ќе аплицираат ќе имаат 60 секунди да ја презентираат идејата, по излагањето, за идеите кои ќе бидат изгласани како најдобри ќе се формираат тимови кои ќе ја формираат идејата во прототип на производ кој би можел да прерасне во компанија или проект. На крај, викендот кулминира со презентација пред членови од комисија и потенцијални инвеститори. Најдобрите тимови ќе бидат наградени во насока на остварување на нивната бизнис идеја и дооформување на нивниот продукт.

Овој настан се организира во Скопје за прв пат, но истиот е веќе организиран во повеќе од 110 градови ширум светот и наиде на голем успех при што само во минатата година, директно резултираше во креирање на нови компании од страна на повеќе од 850 млади луѓе. Startup Weekend е непрофитен и општествен настан кој има за цел да ги поттикне и охрабри младите луѓе да започнат свој бизнис и да го ја прифатат патеката на претприемништвото и иновацијата како нова насока за успех.

Startup Weekend-от е дел од Глобалната недела на претприемништво која има за цел да го развие претприемништвото на повисоко ниво. Целта е да се говори и работи на развивање на свеста за претприемништвото преку цела година, а не само една недела. Преку вакви настани ќе се поттикнат младите да започнат со свој бизнис и ги реализираат своите идеи, бидејќи во секоја држава младите се двигател на позитивните промени во секоја сфера, посебно во економијата.

ПСМ Фондацијата има цел да го зајакне иновативниот систем во Македонија со стимулирање на претприемништвото и преточување на бизнис идеите на младите во реалност. Тоа подразбира креирање нови фирми, нови вработени и поддршка на свежи бизнис идеи, како и поставување мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот.

Повеќе информации можете да добиете на линкот http://skopje.startupweekend.org/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Љубов е припивање еден до друг под чадор, долго време откако престанало да врне.
Непознат автор