Зависни ли сте од астрологија?

zavisni-li-ste-od-astrologija-povekjeКој знак си ви во хороскоп? Ова е едно од најчестите прашања при незадолжителна конверзација, забавна тема за разговор, нешто што на голем...


...број луѓе им е интересно, а сепак повеќето не го сфаќаат премногу сериозно.

Но, се случува „лесната забава“ да отиде подалеку од тоа - особено во неизвесни времиња, кога на луѓето очајнички имаат потеба од малку сигурност, или ако се често во ситуација со една единствена одлука многу да изгубат – се оди до таму таа личност за секоја своја одлука да го консултира астрологот.

Најчесто и не се препознава дека се дошло до состојба на зависност, бидејќи астрологијата останува тема  на „лесни разговори“. Како да препознаете дали сте зависни од астрологијата?

Еве неколку можни знаци:

zavisni-li-ste-od-astrologija

  • Бројот од некој (или повеќе броеви) од телефонски хороскоп го знаете напамет. А бројот од вашата најдобра пријателка? Уф, кој ли беше.... Морате да погледнете во мобилниот, инаку нема шанси да се сетите.
  • Тоа што имате свој астролог и понатаму не мора да значи дека сте зависни од астрологијата. Сепак ако првата работа која ќе ви падне на ум кога бирате пар чевли е за совет да го прашате астрологот (освен ако тој астролог воедно не е и стилиста), сте отишле предалеку.
  • Некој на забава ќе спомне дека е астроном, или пак за некого ќе чуете дека е астроном, иако ви е познато дека астрономијата и астрологијата се две различни работи, уште на самиот збор  „астро....“ поставувате прашање за својот знак, подзнак, препораките со кој знак добро би се сложувале.....
  • Вашиот партнер или пријателка ви предлагаат да ги гледате „Ѕвездени патеки“, а вие веднаш го вадите својот хороскоп.
  • На памет го знете својот дневен хороскоп (можеби на памет знаете и неколку свои дневни хороскопи, од различни извори), но никако не можете да се сетите за што сте задолжени да зборувате на презентацијата која треба да се одржи денес попладне, кога ви доаѓаат потенцијално многу важни соработници.

Дали се пронајдовте некаде?

Би можело да ве интересира:

22 идеи како да имате совршен неделен ден Одете на бранч со пријателите. Планинарете и уживајте во неверојатните пејзажи.....
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Починал по операција за менување на ликот и липосукција - Кој е Амадо Фуентес, еден од најбогатите н... Наркобосот Амадо Каријо Фуентес стекнал богатство од над 25 милијарди долари, а ...
Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија? Знаете ли дека вистинските бисери имаат рапава површина, а не мазна и дека траги...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Верувам дека сме самите одговорни за изборите кои ги правиме и треба да ги прифатиме последиците од секоја постапка, збор и мисла во текот на нашиот живот.
Елизабет Кублер Рос