Релаксација на базен

relaksacija-na-bazen-povekjeТоа што ова лето не сте во можност да посетите некој егзотичен остров или монденско летувалиште не значи дека одморот треба да го поминете дома.


Одењето на базен заедно со саканата личност или пак со некое друштво со кое се чувствувате пријатно, секако ќе ви годи во овие топли денови.

relaksacija-na-bazen

Сепак, за потполно да се опуштите и да се релаксирате, мора да се придржувате до одредени правила кога е во прашање користењето на базен.

Пред да влезете во базен – задолжително истуширајте се! Тоа има хигиенска. но и адаптациона улога. Со испирањето на кремата за сунчање и валканоста ќе спречите да се извалка водата, а истовремено ќе го подготвите телото за промена на температурата.

Исто така и туширањето по излегување од базен има своја позитивна страна. Со испирање на хлорот ќе го спречите сушењето на кожата.

Без оглед на тоа дали летото ќе го поминете на базен, употребата на средства за сончање е неопходна. Хлорот во комбинација со штетното зрачење на сонцето нема да донесе ништо добро.

Би било пожелно при тоа да не користите маслиново масло и други мрсни препарати затоа што нивните остатоци ќе се забележат во базенот. Во секој случај, телото намачкајте го половина час пред повторно да се одлучите да влезете во вода.

Имајте на ум дека кожата не е единственото нешто што теба да се заштити од хлорот - на удар е и косата!

Доколку добро не ја исплакнете по секое излегување од базен, хлорот негативно ќе влијае на пигментите и на кожата на главата – дополнително ќе ја исуши косата и ќе направи да изгледа неугледно.

Поради тоа тушот е спасоносно решение! Со малку почит кон другите, нема ниту една причина ова лето да не се релаксирате покрај некој отворен базен.

Би можело да ве интересира:

Бизарни (и застрашувачки) ментални нарушувања и болести Лицата со боантропија веруваат дека се животно, како крава или бивол, и некогаш ...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Работи кои се нормални во Јапонија, но на туристите им изгледаат како од друг универзум Купуваат лекови скршени на половинка, кога врне си земаат чадор од автобус па го...
Купил девојче за да гледа како го јадат канибали - Мрачната приказна за богаташот Џејмс Џејмисон Џејмс С. Џејмисон ја наследил познатата дестилерија за виски Jameson Irish Whisk...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Психички болести и самоубиства - Како проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало со генер... Проклетството во семејството Хемингвеј се пренесувало од колено на колено, а сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не плаши се дека животот ќе ти заврши. Плаши се дека нема никогаш ниту да почне.
Грејс Хансен