Кока Кола - жив билборд

koka-kola-ziv-bilbord-povekjeКока Кола и Светската федерација за заштита на природата, минатата недела во главниот град на Филипини го претставија првиот жив билборд.


Зелените „точки“ распоредени околу шише од популарниот безалкохолен пијалак се направени од илјада стебла чај Фукиен, и распоредени на целата површина на овој необичен билборд, чии димензии се 20x20 метри.

Фукиен чајот потекнува од истоимената провинција во Јужна Кина и претставува една од најчесто користените билки за изработка на аранжмани со бонсаи.

Според соопштението секоја билка од употребените за изработка на билбордот, годишно може да апсорбира 5,9 килограми јаглен диоксид, односно целиот билборд за една година апсорбира 21.200 килограми јаглерод диоксид.

Освен основата која е изработена од билки, и останатите материјали употребени за негова изработка ги задоволуваат барањата на организацијата за заштита на животната средина.

Саксиите во кои се поставени билките се изработени од рециклирани шишиња кока кола наполнети со мешавина од индустриски биопроизводи и органско ѓубриво. Билките се поливаат со посебен систем на принципот капка по капка.

koka-kola-ziv-bilbord-1

koka-kola-ziv-bilbord-2

Би можело да ве интересира:

Такси возило, ресторанско мени: Места кои изгледаат чисто, но имаат повеќе бактерии и од тоалетот Продавниците, но и некои ситници во домот можеби изгледаат чисто, но на нив сепа...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
„Музејот на кичот“ во Будимпешта им враќа спомени на сите што растеле во 90-тите - Се сеќавате ли на... Секоја куќа во минатото имаше голем телевизор, а на него рачно плетено миленце, ...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Предвидувања на баба Ванѓа за 2024-та: Економска криза, но и лек за рак Иако пророштвата на баба Ванѓа треба да се читаат со доза скептицизам, најмногу ...
Најчудните погребни обичаи во Србија: Цело село се кани на игранка, се играат ора Луѓето област во Србија имаат чудни обичаи за време на погреби, особено кога ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Верувај им на луѓето и тие ќе ти возвратат со искреност, постапувај со нив со величественост и тие ќе се однесуваат величествено.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)