Викенд предлог: Беровско езеро

vikend-predlog-berovsko-ezero-povekjeАко сакате да избегате од секојдневието, градскиот метеж, рутината и да допрете до себе си, идеално место во Македонија е Беровското езеро. Овој дар...


...на природата е изграден во 1971 на Ратевска река на 6 км. југоисточно од Берово. Браната е лачно бетонска со висина од 46 м. и се наоѓа на кота од 1000м надморска висина.

vikend-predlog-berovsko-ezero-1

Езерото е како дар од боговите - да дојдат луѓето и да го почувствуваат мирот и спокојството. Скриено меѓу високите планини на Малешевијата, зеленилото, пријатната клима, буковата шума ви дава чувство на недопрена убавина која вреди да се види и доживее. Заради високата концентрација на кислород многу посетители доаѓаат за да ги наполнат батериите и за рехабилитација.

vikend-predlog-berovsko-ezero-2

Најзастапени се следниве видови риби: пастрмка, крап, клен а од пред некоја година црвеноперка и костреж. Одличен е за љубителите на риболов и рекреација.

vikend-predlog-berovsko-ezero-3

Овој предел се карактеризира со свежи лета и студени зими. Пријатната клима го прави овој крај идеално прибежиште во летните периоди. Околу езерото има викендици кои се издаваат во текот на цела година.

vikend-predlog-berovsko-ezero-4

Неколку ресторани кои приготвуваат добра риба и имаат магичен поглед кон езерото за одмор како на очите така и на душата и телото.

vikend-predlog-berovsko-ezero-5

Престој од само еден ден на ова место може да предизвика огромна психичка и физичка благосостојба која не можете да ја добиете на секое место.

И благодариме на Станка Карајанова за предлогот за овој викенд.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Најдобрите ќе бидат објавени.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Животот треба да се збогати со голем број пријателства. Да се сака и да се биде сакан е најголемата среќа на постоењето.
Сидни Смит (1771-1845)