Куртизаната и Самурајот

kurtizanata-i-samurajot-povekjeНашиот избор за книга на оваа недела е КУРТИЗАНАТА И САМУРАЈОТ од Лесли Даунер. Јапонија, 1868 година. Последниот шогун е поразен и започнува...


...времето на царевите. Меѓутоа, на студениот север на Јапонија, мала група воини, очајнички го пружаат последниот отпор...

Хана имала седумнаесет години кога нејзиниот сопруг заминал во војна и ја оставил незаштитена. Бегајќи од непријателската војска, Хана доаѓа во разурнатиот Токио и пронаоѓа засолниште во озлогласениот град Јошивара. Таму доспева во еден бордел и станува куртизана.

Јозо, авантурист и одличен мечувалец, се враќа во Јапонија по шест години минати во странство и открива дека земјата која одамна ја напуштил, длабоко е разорена.

Патува на север, со желба да им се придружи на бунтовниците, но се соочува со непријателската војска. Бидејќи успева да побегне од заробеништво, Јозо сфаќа дека единствениот спас може да го пронајде во местото каде што секој човек е надвор од законот - во Јошивара.

Таму, во градот без соништа, во кој живеат три илјади крутизани, бегалецот Јозо ја сретнува преубавата Хана.

Меѓутоа, и обајцата сокриваат страшни тајни, тајни кои можат да ја загрозат не само нивната љубов, туку и нивниот живот...

kurtizanata-i-samurajot

Во соработка со издавачката куќа „Просветно Дело“ еднаш во неделата наградуваме по еден од вас.

Која е вашата задача?

Испратете ни го вашиот предлог со книга која би ја препорачале на нашите читатели со краток опис зошто на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Добитникот ќе биде објавен во Петок 29.07.2011.

Добитник на книгата „КУРТИЗАНАТА И САМУРАЈОТ“ од Лесли Даунер е Славица Илиевска. Книгата може да се подигне во книжарата Просветно Дело 2, во Скопје - центар, во редот на Малага!

Би можело да ве интересира:

3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни прика...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Кое е скриеното значење зад бајките? Треба ли да ги исфрлиме бајките од детскиот свет? Веројатно ниту еден педагог ил...
3 одлични турски романи, за љубителите на историска фикција „Хурем московската наложница“ ја следи животната приказна на Хурем султан, која ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Нашиот живот е како движењето на Сонцето. Во најтемните мигови знаеме дека ќе се раздени.
Непознат автор