Најбизарни ресторани на светот

9-najbizarni-restorani-na-svetot-povekjeДа ви се наполни, или да ви се преврти стомакот? Ова се девет уникатни ресторани на светот, кои имаат своја посебна приказна вредна да се проба.


9. Вечера на ветер

9-najbizarni-restorani-na-svetot-1

"Diner in the sky" е белгиски ресторан, всушност маса што виси на кран. На висина од 150 метри, лебдејќи може да вечераат до 22 гости, а цената на овој екстремен оброк е околу 8 илјади евра. Кранот се придвижува на саканата локација, така што гостите можат да пијат на кровови по избор. Секој стол има свој сигурносен појас, само треба да се внимава да не ви падне есцајгот.

8. Мајмунска услуга

Во оваа таверна во Јапонија, покрај обичните келнери, гостите ги служат и два мајмуни. Како што вели газдата, мајмуните му се како деца, дури и подобро го слушаат од неговите синови. Правилникот за заштита на животните наложува дека мајмуните можат да работат само два часа дневно.

7. Залак во темница

9-najbizarni-restorani-na-svetot-2

Овој ресторан е отворен во Кина 2006 година, а осмислен е така што гостите седат во потполна темница. Можеби ќе помислите, со тоа се заштедува на внатрешното уредување и на струја, но на мрачниот ресторан му е потребна друга опрема. Келнерите носат специјални очила за да не им ја истурат жешката супа на гостите во скут. До масите, посетителите ги носат келнери по слабо осветлени ходници, додека тоалетите се благо осветлени. Консумирањето храна во потполна темница треба да го исклучи чувството на вид, а да го зголеми чувството на вкус.

6. Кондом ресторан

9-najbizarni-restorani-na-svetot-3

Ланецот на ресторани "Cabbages and condoms" се наоѓа на Тајланд. Се е декорирано со кондоми, тепихот, ѕидовите, келнерите... По вечерата, наместо пеперминт бонбони, посетителите добиваат, се разбира – кондоми. Профитот на ресторанот оди кај една организација која се бори против сидата.

5. Човечки специјалитети

9-najbizarni-restorani-na-svetot-4

"Канибалскиот" ресторан го нуди јапонскиот специјалитет "Nyotaimori" (послужување на гола девојка), но во малку поекстремна варијанта. Целото јадење изгледа како гола девојка која лежи на хируршка маса. Гостите на ресторанот може да си играат хирурзи и да ја сечкаат вкусната девојка. Каде и да се засече, од телото тече крв, а внатре се сите органи...главно направени од суши.

4. Ресторан затвор

Ако сте јаделе човечко месо можеби ќе одите во затвор, а можеби и во ресторанот – затвор. Во Токио постои Алкатраз за уживање. Љубезните домаќини ги дочекуваат гостите и на влезот им ставаат лисици, а потоа уште пољубезно ги заклучуваат во затворските ќелии каде што ќе им биде послужена храната. Додека вечераат, на гостите им се приредува спектакл, така што од време на време, некои „затвореници“ се обидуваат да побегнат па трчаат помеѓу масите додека чуварите ги бркаат.

3. Ресторан болница

9-najbizarni-restorani-na-svetot-6

За сите оние на кои им се лоши од помислата на ресторан затвор или ресторан „Канибал“ постои ресторанот болница. Еден се наоѓа во Тајван и уреден е како весела операциона сала, со декоративни инфузии, а пијалакот се служи во стерилни шишиња. Вториот ресторан се наоѓа во Сингапур. На масата се седи во отмени инвалидски колички, а ресторанот е познат по експерименталната молекуларна кујна, каде со научна постапка се истражуваат нови вкусови.

2. Студено предјадење на гробишта

9-najbizarni-restorani-na-svetot-7

Ресторанот на гробишта се наоѓа во Индија и не е во прашање никаква бизарна шега на гастронекрофилите, туку само бизарен факт дека човек отворил ресторан на старите муслимански гробишта и дека покрај се, бизнисот супер му оди. А тој самиот вели, гробовите носат среќа. Ресторанот е познат по некои вкусни специјалитети, одличен чај и неколку зелени гробови во просторијата, на кои персоналот секое утро става свежо цвеќе.

1. Ресторан тоалет

Тотален хит на Тајван. Ресторан на тема, зготвена храна. Гостите седат на столчиња од даски за ВЦ шолји, на маси преработени од лавабо. Ѕидовите се украсени со писоари претворени во ламби, а храната се послужува во чинии во облик на мали ВЦ шољи. Најсладок е сладоледот од чоколадо!

Би можело да ве интересира:

10 предмети за домаќинството што можете повторно да ги искористите (и да заштедите пари) Направете декорации со картонските кутии од јајца. Претворете ги кутиите за чевл...
Митови за каубоите во кои веруваме поради холивудските вестерн филмови Нивната работа била многу тешка, немале време за конфликти со Индијанци, ниту, п...
6 работи кои никогаш не треба да ги правите пред спиење, особено во лето Експерти советуваат спалната соба да се резервира исклучиво за спиење и секс, па...
Некогаш vs. денес: Како изгледало патувањето со авион пред 100 години? Знаевте ли дека порано било дозволено пушењето во авион? А, знаевте ли и дека бе...
На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...
Само 3 лица успеале да побегнат од озлогласениот затвор Алкатраз - Како им успеало? Веруваме дека сте слушнале за познатото бегство од Алкатраз во 1962 година. Трој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога лакот ти е скршен и немаш веќе ниту една стрела, тогаш гаѓај, гаѓај со сето срце.
Зен изреки