Како до посреќен живот?

soveti-za-poednostaven-i-posrekjen-zivot-povekjeВелат дека колку помалку се замарате во животот, толку подолго ќе живеете. Во прилог ви нудиме неколку корисни препораки како да се живее...


...поедноставно, а посреќно:

1. Вашата личност и однесување

Престанете постојано да водите сметка за својот изглед. Бидете она што сте и чувствувајте се добро во својата кожа. Бидете природни и ако во душата чувствувате дека нешто треба да направите, да кажете или покажете - направте го тоа без премногу размислување, спонтано.

2. Вашите финансии и систем на вредности

soveti-za-poednostaven-i-posrekjen-zivot

Ако имате долгови, отплатете ги најбргу што можете. Направете листа на приоритети и придржувајте се до неа. Парите трошете ги на она што ви е важно.

Набргу ќе видите колку непотребни трошоци сте имале во животот, како и дека некои работи воопшто не ви биле важни, а сте се залажувале дека се.

3. Вашето поблиско опкружување и роднини, учење, медиуми

Не обрнувајте внимание на трачеви и што кој мисли. Ако сте вие природни и се однесувате во согласност со она што сте, нема причина да не бидете искрени, па тогаш и другите така ќе се однесуваат со вас.

Ако имате брат или сестра сфатете дека тоа ви е најблизок род за цел живот и трудете се да одржувате добри односи. Оние што учат, нека го прифатат фактот дека тоа им е единствената гаранција нешто да постигнат во животот и дека тој клуч е постојано во нивните раце.

Што се однесува до медиумите, воведете ден за пост од нив. Барем еден ден во месецот поминете без телевизија, компјутер, мобилен. Зошто?

За да видите дека не сте зависни од нив и да ги наполните батериите со прошетка во природа на свеж воздух.

4. Вашиот дом, семејство од кое потекнувате

Ако имате нешто во станот што не го користите, подарете го и ослободете си простор, а со тоа ослободете си го и духот. Бидете добри кон своето семејство,  а ако некој е конфликтна личност, не влегувајте во јалови расправии со нив(неа).

5. Вашите љубови, забави, вашите деца

Доколку во вашиот живот сеуште нема вистинска љубов, не драматизирајте. Се си има свое време. Излегувајте без притисок дека тоа мора д асе случи.

Можете убаво да си поминете и во кругот на драги пријатели, а љубовта ќе си дојде. Сакајте ги своите деца и она време што ќе го поминувате со нив, нека биде квалитетно. Заборавете на уморот.

6. Вашата работа, колеги, вашите животни навики

На работа, не губете време со работи кои не се дел од вашата професија. Фокусирајте се на работат па ќе бидете и поуспешни. Тогаш ќе остане доволно простор и за по некоја шега и добри вибрации помеѓу вас и колегите.

Соработувајте со другите. Водете сметка за своето здравје почитувајќи го своето тело и дух., но не со козметички постапки, туку дозволувајте си го она што ви годи.

Шетајте, рекреирајте се, занимавајте се со спорт, прочитајте добра книга, релаксирајте се со добра музика.

7. Вашиот партнер, брак

Дури и кога не поминувате многу време заедно, тие моменти нека бидат пријатни. Фокусирајте се на своите и добрите особини на партнерот, маните занемарете ги.

Имајте на ум дека никој не е совршен. Не чепкајте таму каде што не треба. Сакајте и ќе бидете сакани.

8. Вашата способност за промени, секс

Јакнете го духот со содржини кои ве интересираат. Слободно истражувајте. Тоа се однесува и на еротскиот живот. При сето тоа бидете она што сте и не преправајте се.

9. Вашите идеали, студирање, далечни патувања

Ако сте ги заборавиле своите идеали, потсетете се. Немојте да ги напуштите. Вратете ги своите сни и своите мисли. Следете ги онолку колку е тоа можно. Ако сакате дополнително да се образувате, никогаш не е доцна. Ширете ги своите хоризонти. Ќе бидете побогати како личност.

Ако немате доволно пари за дестинации кои од секогаш сте сакале да  ги посетите, истражете дали постојат поевтини можности за патување. Ќе се изненадите што се ќе откриете. Можете да планирате, а малку и да штедите.

10. Вашата кариера и статус во општеството

Дајте се од себе за да постигнете нешто во кариерата, но на патот до својата цел, не одете преку лешеви.

Проанализирајте што е она што сакате да го постигнете и зошто, па ако увидите дека има барем малку снобизам, менувајте што е потребно.

Нека вашите цели бидат реални, според вашите таленти. Почитувајте ги оние што нешто постигнале и учете од нив.

11. Вашите пријатели и друштво, плодови од работата

Одржувајте контакти со своите пријатели, но не со сила и ради реда. И ако долго време не сте се слушнале со некого, гласот или средбата нека бидат искрени и нека ве исполнуваат двајцата. Ако некои ве разочарале, не размислувајте премногу за тоа.

Пуштете тоа   да избледнее со времето. Ако сте постигнале нешто во животот, опуштете се и научете да уживате во тоа. Сте заслужиле. Имајте хоби и уживајте во него.

12. Вашата потсвест, тајни работи

Кога влегувате подлабоко во себе, одете до таму до каде што се чувствувате добро. Своите внатрешни граници можете да ги поместувате постепено.

Откривајте се себеси со внатрешна интроспекција и имајте на ум дека она што е неопипливо всушност го придвижува светот, ап можеби затоа е и поважно од видливото.

Затоа во мирните моменти позанимавајте се и со таа тема. Ќе ја проширите перцепцијата и ќе ја зајакнете интуицијата, а тоа  е веќе малку повисоко ниво на мудрост.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
5 симптоми за нетолеранција на глутен кои не треба да ги игнорирате Повраќање, подуеност, но и болки во зглобовите – кои се симптомите на целијакија...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не е чудо да се лета во воздух или да се оди по вода, туку да се оди по земјата.
Кинеска поговорка