Три супер летни фризури

tri-super-letni-frizuri-povekjeЛето е и жешко е, а вие не знаете што би правеле со својата долга коса? Ако сеуште не сте се решиле за шишање... погледнете ги овие три летни фризури...


...за долга коса со кои ќе изгледате уредно и модерно, а нема ни да ви биде жешко.

Добри се и за преку ден, а и за ноќни излегувања. Се што треба е малку волја и труд.

1. Плетенка „на страна“

tri-super-letni-frizuri-1

Малку спортски, но сепак шик изглед ќе постигнете со плетенка исплетена „на страна“. Косата соберете ја со прстите под едното уво и исплетете плетенка. Идеална е за играње одбојка на плажа!

2. Неуреден "chignon"

tri-super-letni-frizuri-2

Бушава пунџа на тилот ќе ве направи романтични и слатки. Како да се направи?

Косата се суши со фен со дифузер, се собира на тилот со лабаво ластиче за коса во низок опаш кој се витка во пунџа и се зацврстува со шноли. Што по неуредно, тоа подобро!

3. Мазен "ponytail"

tri-super-letni-frizuri-3

Со оваа фризура ќе изгледате строго, но секси. И оваа фризура може да е бушава и неуредна, но ние ви го препорачуваме залижаниот, мазен изглед.

Идеална е за лето во канцеларија!

Би можело да ве интересира:

5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Хит модни комбинации од Pinterest со кои нема да погрешите оваа есен Корисниците на Pinterest, ја избраа кафеавата боја како најпопуларна за есен 202...
6 тренди модели на чанти кои се хит кај Французинките Винтиџ моделите, но и чантите со долги прерамки се практични, изгледаат добро и ...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
Мајка и ќерка во тон: Ана од Скопје и Оланна (4) живеат во Норвешка и имаат кул моден стил „Желбата за модно усогласени комбинации со мојата 4-годишна ќеркичка Оланна пост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта е сама по себе вид среќа, а можеби и најголемата среќа што ја нуди овој живот...
Семјуел Џонсон (1709-1784)