Летна исхрана за добра линија

letna-ishrana-za-dobra-linija-povekjeПрехраната во лето поради својот вкус, мирис и боја е привлечна за око, помалку е калорична од зимската храна и далеку поздрава. Лесна е, освежителна...


...разновидна, полна со витамини, минерали, антиоксиданси и влакна.

За време на жешките летни денови важна е прехраната која на организмот му дава потребна енергија и не го оптоварува метаболизмот. За разлика од студените зимски денови, тешката храна сега не доаѓа во предвид.

Се префрламе на лесни оброци и чинии полни со овошје, зеленчук, риба, салата... Покрај тоа, немојте да заборавите да внесувате и доволна количина вода.

Овошје

letna-ishrana-za-dobra-linija

Иако овошјето е одлично за секој период на годината, во лето ни е особено омилено. Како идеално освежување, јадете лубеница, таа има малку калории, богата е со витамин Ц, хидратизира и делува против запек.

Мангото, покрај своите витамини А, Б, Ц, Е и К, богат е и со калиум, додека во кората има влакна кои помагаат за регулација на варењето.

Сливата како овошје е позната уште од стариот век, богата е со бета-каротин, витамин Ц и Е,  помага за снижување на холестеролот, при тешкотии со концентрацијата и немир, го јакне имунитетот и срцето, а го чисти и организмот.

Смоквата е одличен избор доколку сакате да ослабите, содржи голема количина вода и природни шеќери, а нејзините влакна се добри за дебелото црево.

Зеленчук

Сезона е на пиперки, патлиџани, тиквички, краставици, зелена салата, модар патлиџан, грашок, морков, брокула, млад компир.

Доматот добро делува на срцето, го регулира варењето, го снижува крвниот притисок. Богат е со калиум, а најбогат е со бакар. Железо има повеќе од пилешкото месо, рибата и млекото. Неговите плодови се користат во подготовка на салата, прилози или сосови, а можат да се пржат, обарат и полнат.

Пиперката како зеленчук е одличен извор на витамини, го поттикнува лачењето на соковите за варење, отвора апетит и го подобрува варењето. Може да се подготви на разни начини затоа што ниту еден не е погрешен – свежа, потпечен, полнета.

Тиквичките се неизоставен дел од летната исхрана – можат да се подготват на сто начини. Содржат голема количина вода, а го штитат и кардиоваскуларниот систем од артериосклероза, штитат од срцев и мозочен удар. Содржат магнезиум и калиум со што влијаат на редукцијата на крвниот притисок.

Краставичките со своите 95% вода содржат и многу минерали, калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, а најмногу витамин Ц.

Протеини и житарици

Освен спомнатото овошје и зеленчук, во лето е идеално да се јаде пилешко месо, месо од ќурка, риба, зеленчукови крем супи, салати, житарици.

Обидете се денот да го започнете со овошје  - тоа е добро за детоксикација на организмот. Исто така немојте да заборавите на свежите исцедени сокови од сезонски продукти.

Летото со своите производи е навистина одлично годишно време затоа што имате можност да консумирате разновидна исхрана со што ја корегирате не само својата тежина, туку и здравствената состојба.

Покрај сето тоа, обидете се да го намалите внесувањето на шеќер, консумирајте помалку алкохол, пијте доволно течности. Избегнувајте мрсна и тешка храна и немојте да заборавите – клучна е разновидноста на исхраната!

Би можело да ве интересира:

Кои се симптомите дека имате топлотен удар и како влијаaт високите температури врз човечкиот организ... Зголемен ризик од формирање на тромбови во крвните садови, ризик од срцев удар, ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не си имал совршен ден, дури и кога си заработил многу пари, ако не си направил нешто за некого кој никогаш нема да може да ти се оддолжи.
Рут Смелцер