Што да и подарите?

sto-da-i-podarite-povekjeДали и за денешните припаднички на понежниот пол важат стиховите „дијамантите се најдобри пријатели на секоја жена“ кога станува збор за...


...купување на подарок за некој посебен датум?

Можеби и важат, но во се треба да се биде умерен, па така и при купувањето на подарок за некоја посебна жена. На почетокот од врската подароците треба да бидат едноставни и скромни.

Или, ајде да им се препуштиме на цените - во текот на првиот месец забавување ниту еден подарок не треба да ја поминува границата од 100 евра.

sto-da-i-podarite

Сè преку тоа би можело да биде потполно погрешно протолкувано, а со тоа ќе се сложат и повеќето дами, без разлика колку ги обожуваат подароците.

Меѓутоа, кога се жените во прашање, со нив никогаш не се знае што конкретно би сакаат. Така е и со подароците.

Вие помислувате дека и е потребен парфем, а таа посакува ситница за секој ден.

Она на што треба да се фокусирате и што не може да биде грешка е некоја неодолива комбинација искажана со внимание и изненадување.

Како кога ќе и подарите вазна и ќе и ветите дека постојано ќе биде полна со цвеќе, па така и направите.

Ако повеќе сакате практични работи (ако сте маж, многу е веројатно дека сакате), на крајот од состанокот однесете ја на бензинска пумпа и наполнете и го резервоарот за да има бензин повторно да се види со вас. Може ли да биде посимпатично и повпечатливо?

Совршениот маж е оној кој дава многу повеќе од пари. Тој го подарува своето време, а не мавта со банкноти.

Занемарете ги финансиските промашувања како прескапи марки на облека, нагласување на вашите парични ограничувања или сечкањето на купони за попуст.

Сконцентрирајте се на патувања, концерти, забави, мали знаци на внимание кои вашата избраничка сигурно ќе ги цени.

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: Што мразат, а што навистина сакаат во кревет? (18+) Уживаат во орален секс, но не сакаат сексот да трае премногу долго – жени открив...
5 најдобри секс пози за деновите кога надвор е пеколно топло Кои се најдобрите секс пози за деновите кога надвор е премногу топло? Како да ус...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...
„Лак и стрела“ – секс поза за девојки што не чекаат партнерот да ги доведе до оргазам (18+) Оваа секс поза е наменета за смели девојки кои не се плашат да ја преземат контр...
Како да го толкуваме јазикот на емоциите? Уште од периодот на просветителството, нашата култура силно го поддржуваше ставо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големината не е во тоа никогаш да не доживееме неуспех, туку во кревањето секојпат кога ќе паднеме.
Конфучие (551-429 пр.н.е.)