Дуке Бојаџиев @Club Colosseum

duke-bojadziev-vo-club-colosseum-povekjeПо барање на домашната публика жедна за неговата музика, особено по извонредниот настап во Античкиот театар во Охрид, нашиот...


...музичар со интернационална кариера Дуке Бојаџиев со поинаков концепт ќе настапи и пред скопската публика.

Веќе е потврдено дека на 27 август во скопскиот клуб Колосеум ќе имаме можност да видиме несекојдневен настан: New York a.m. - live session, настап на Дуке Бојаџиев со електро-акустичен сет составен од пијано, фендер роудс и електронска опрема, заедно со неговите долгогодишни соработници Матијас Кунцли на тапани и перкусии и Кристоф Хетиер ака Антипоп, еден од тројцата основачи на популарното француското трио Телепоп мјузик.

Нашиот меѓународно реномиран композитор, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев повеќе од 10 години живее и креативно создава во Њујорк.

По електронските настапи со Кирил Џајковски и ТК Вондер во 2008 (Егзит во Војводина, ВИПин во Загреб, Пиво фест во Белград и Оффест во Скопје) и соло настапот 2010 во Капан Ан во Скопје, годинава го видовме во едно друго, акустично издание. Откако премиерно во преполниот Карнеги Хол во Њујорк беше изведен проектот Love is the way, тој својот концерт за пијано и оркестар го донесе на Охридското лето 2011.

Изведбата во Античкиот театар беше примена со одушевување на публиката и критиката.

Матијас Кунцли е перкусионист со светско реноме. Тој во минатите 10 години се појавува низ многубројните комерцијални проекти, албуми и филмски создавања на Бојаџиев, но во меѓувреме соработува и настапува и со ѕвездени имиња од калибарот на Моби, Лорен Хил, Јо-Јо-Ма и други светски докажани музичари. Скопскиот настап ќе биде извонредна прилика да ги видиме неговите тапанарски способности, но и неговиот виртуозен перкусионистички елемент.

Кристоф Хетиер ака Антипоп, со кој Дуке соработува минатите 5 години, е член на познатото француско трио Телепоп мјузик , номинирано за наградата Греми со хитот "Breathe" во изведба на Анџела Мекласки, на што се надоврза и успешната соработка со Џенет Џексон.

Како ди-џеј, Антипоп последниве 10 години го обиколува светот. На скопскиот настап со Бојаџиев ќе чуеме дел од нивните соработки и ремикси, меѓу кои е и нумерата "Ghost girl", од престижната компилација Airfrance, лиценцирана за годишната интернационална адвертајзинг кампањата на Пежо во 2009 година.

Инаку, Дуке се појавува и како ко-автор и ко-продуцент на новиот албум на Телепоп мјузик што ќе излезе кон крајот од годинава.Значи, на 27-ми овој месец во 23.30 часот во Колосеум повторно ќе видиме едно автентично издание на Дуке Бојаџиев, кое тој го најавува како сосема нов сублимат на електронската и акустичната музика.

Билетите по цена од 300 денари ќе можат да се набават пред самиот концерт на влезот од Колосеум.Организатор на концертот е „БАГИ комуникации“, а ексклузивен спонзор е винаријата СКОВИН.

duke-bojadziev-vo-club-colosseum

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Која било работа, всушност сите работи, мали или големи се претвораат во авантура кога ги споделувате со вистинската личност.
Кетлин Норис (1880-1966)