Мотивациска приказна

Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе. 

motiviracka-prikazna-za-zivotot-001.jpeg

Тој запрашал:

„Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите раце се подигнале. Продолжил. „Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.

Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. „Дали се уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати.
Продолжил. „А, ако и направам вака?“ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. „Добро, кој ја сака се уште?“ Рацете уште биле кренати.

Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра.

Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал.

Тоа се факти од секојдневниот живот. „Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.
Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста.

Дали си бил валкан или чист, згужван или испеглан, ти и понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според ОНА ШТО СМЕ.

Ти си нешто посебно и не го заборавај тоа никогаш. Број ги соите успеси, а не грижи и проблеми. Немој никогаш да се плашиш да пробаш нешто ново.

И секогаш имај на ум: Едноставни луѓе ја изградиле арката на Ное, а експертите – Титаник.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ако си се надевал и не ти се исполнило очекувањето, продолжи да се надеваш.
Талмуд