Викенд предлог: Паркови на Динаридите

Признавајќи ја неописливата убавината на регионот, културната различност, но истовремено и неверојатната сличност, светската организација за заштита на природата WWF ги поврза парковите на природа и националните паркови од Словенија до Албанија во мрежата на Паркови на Динаридите.

vikend-predlog-parkovi-na-dinaridite-01

Нашиот регион со богатството на својата биолошка разновидност заслужува да застане рамо до рамо со светски познатите туристички дестинации, а преку мрежата од 75 паркови, со иницијативата „Парковите на Динарската верига“ со која тие го пронаоѓаат патот кон одржливиот туризам, тоа е идеален почеток.

Има само неколку места во светот каде што во еден ден може да се видат неверојатни мочуришта, да се откријат зачудувачки пештери и да се плива под еден волшебен водопад. Малку се регионите каде само со еден полн резервоар на автомобилот можете да поминете низ четири земји, да запознаете различни култури и да уживате во најдобрите гастрономски задоволства.

Алпите и Карпатите се доволно познати во целиот свет. Но, Динарската верига би требалo да стане исто така синоним за одржлив туризам и развој.

Проектот „Парковите на Динарската верига“ започна во јануари 2012 година со главна цел создавање на мрежа од 75 паркови во регионот. При тоа има и многу важна задача да ги научи вработените во парковите за подобро управување и одржлив туризам.

Како дел од нашата викенд рубрика – предлог за прошетка низ Македонија, денес ги вклучуваме националните паркови од нашата земја кои се дел од Динарската верига.

Ни следуваат и првомајските и Велигденските празници кои се одлична можност за прошетка низ нашата прекрасна земја. Прошетајте низ овие наши природни богатства и запознајте ги од сосема друг аспект.

1. Пелистер

vikend-predlog-parkovi-na-dinaridite-1

Планината Баба со својот познат врв се стари околу 465 милиони години, а највисокиот врв е 2601 метар надморска височина. Постојат две легенди како врвот го добил името Пелистер – едната вели дека доаѓа од грчкиот збор „Перистери“ што значи гулаб (од далеку врвот наликува на гулаб со раширени крилја). Другата легенда е дека името води потекло од моликата или уште нарекуван „петлистер“. Пелистер е прогласен за национален парк во 1948 година.

vikend-predlog-parkovi-na-dinaridite-2

Уживајте во прекрасната природа, чистиот воздух и езерата Пелистерски очи.


2. Маврово

vikend-predlog-parkovi-na-dinaridite-4

Паркот е основан во 1949 година. Во него е заштитена неверојатна природна убавина и историски значајни тврдини во околината. Површината на паркот е зголемена од 11.750 хектари во 1949 година на 73.088 хектари во 1953 година. Флората во Маврово се состои од повеќе од 1000 различни видови на дрвја и грмушки. Од нив, 12 се ендемски растенија, а 33 се многу ретки во останатиот дел на Македонија.

Фауната изобилува со 12 видови рептили, 140 видови на птици и 38 видови цицачи вклучувајќи мечки, елени, рис и диви кози.


3. Галичица

vikend-predlog-parkovi-na-dinaridite-5

Галичица е најмладиот национален парк во нашата земја, од 1958 година. Покрива површина од само 241.51km2. Богат е со прекрасни пејзажи, природно, културно и историско наследство. Оваа импресивна област е живеалиште на бројни растителни и животински видови: 40 растителни заедници, 1.600 видови растенија, над 143 лишаи, повеќе од 480 видови печурки и над 3.200 претставници на фауната. Постојат и 12 ендемски растителни видови.  Толкава биолошка разновидност на толку мала површина е навистина редок случај и во Европа и во светот.

Најзначаен елемент од културното наследство е секако Манастирот Св.Наум.  Националниот парк Галичица е предизвик за сите љубители на планински спортови. Многу ентузијасти и професионалци поминуваат време овде во параглајдинг. Развиена е и мрежа за качување, патеки за велосипедизам и планинарење.

Ако сакате да имате едно ново и неверојатно искуство, направете го тоа токму преку соживување со овој национален парк.

-

„Динарската верига со својата убавина, географската положба и биодиверзитетот не заостанува зад Карпатите, или Алпите, или било кој познат светски еко-регион. Активностите на проектот ќе помогнат во развивањето на соработка со приватниот сектор и во подобрувањето на секојдневното работење на парковите преку размена на искуства и добри практики. Време е Парковите на Динарската верига да станат бренд", вели Леон Кебе, раководител на проектот на WWF „Парковите на Динарската верига".

Откријте го неоткриениот свет! Но, пред да заминете на тој пат посетете го www.discoverdinarides.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успехот нема врска со она што го добиваме или го постигнуваме во животот за себе. Успех е она што го правиме за другите.
Дени Томас