Викенд предлог: Кањон Матка

vikend-predlog-kanjon-matka-povekjeВо близина на Скопје (на 15km) сместен е кањонот Матка. Место каде може да се релаксирате од градската гужва и да уживате во чистиот воздух.


Доколку одите со автомобил за време на викенд, ви препорачуваме да тргнете порано бидејќи во попладневните часови се прави неверојатна гужва, како за паркирање, така и воопшто за движење со автомобил.

Паркирајте се подалеку и одвојте малку време за да пешачите. Патеката до планинарскиот дом е чиста и уредена.

Имате можност да уживате во зелената околина, свежиот воздух и песната на птиците. Реката Треска е сè уште местото каде уживаат сите оние кои се љубители на кајакарството.

vikend-predlog-kanjon-matka-6

Постои можност да си направите излет во сопствена режија на почетокот на Матка покрај реката, или да уживате во вкусната храна на неколкуте ресторанчиња.

После подолго време е реновирана патеката и е поставена заштитана ограда со што сега полесно можете да пристапите до црквата Св. Андреа. Поставени се и клупи каде можете да се одморите и да уживате во убавините на природата.

vikend-predlog-kanjon-matka-4

Вреди и да направите прошетка со кајче затоа што ваквото задоволство освен во Охрид, во нашава земја сега за сега се уште функционира само овде.

vikend-predlog-kanjon-matka-7

Матка е препознатлива по пештерата Врело. Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска. Таа е составена од две пештери една над и една под водата. На таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови.

Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името бидејќи меѓу првите во неа се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухопловство. 

Во пештерата има и т.н. „концертна сала“, од чија лева страна се таканаречените „пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош.

vikend-predlog-kanjon-matka-1

vikend-predlog-kanjon-matka-2

vikend-predlog-kanjon-matka-8

vikend-predlog-kanjon-matka-5

Откако ќе завршите со прошетката, ви ветуваме дека ќе се вратите свежи и одморени, полни со импресии.

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Секоја криза е можност за наше повторно раѓање, наше повторно зачнување како личности, можност за избор на промената која ќе ни помогне во созревањето и чувството на исполнетост.
Нена О`нил