Даниел во Америка би бил милионер! Погледнете какви награди добиваат победниците на „Х-фактор“ низ светот

На големото финале на првиот регионален „Х-фактор Адриа“ победи нашиот Даниел и ја освои првата награда од 10.000 евра, автомобил Mini Cooper, два спота и договори со City Records и Sony music, како и албум и турнеја.

daniel-vo-amerika-bi-bil-milioner-poglednete-kakvi-nagradi-dobivaat-pobednicite-na-x-faktor-niz-svetot-01

Вака набројано изгледа дека добил премногу и дека треба да биде презадоволен, бидејќи на овие простори некој не добил ни толку. Така сакаме да се тешиме, додека не ги отвориме очите подобро и не се информираме за наградите на истото шоу „Х-фактор“ во другите земји. 

Верувале или не, ако победеше Даниел во Америка, сега би бил милионер!

Американски „Х-фактор“

Во првите две сезони паричната награда изнесувала дури 5 милиони долари, додека претходната сезона била намалена на 1 милион. Освен поголемата парична награда, победникот добива и договор за снимање албум и неколку спотови.


Австралиски „Х-фактор“

Според правилата на натпреварување, победникот на австралискиот „Х-фактор“ добива награда во износ од 330.000 долари.


Британски „Х-фактор“

Во Велика Британија вкупниот награден фонд изнесува околу 1,7 милиони долари, со тоа што победникот добива 250.000 долари како парична награда, а останатите пари се наменети за снимање албум.


„Х-фактор Адриа“

Победникот на првата сезона, добива договор за снимање албум, два спота, 10.000 евра и автомобил.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg