|
Ја имаме таа чест да Ви се обратиме, за момент да го задржиме Вашето внимание, со цел да дознаете со кого го поминувате поголемиот дел од вашето ценето време.
CRNOBELO.com е идеа започната од сите Вас, но првично од самите себе. Нашето искуство и професионално завршените студии се покажаа уникатни во доменот на информатиката, веб дизајнот, интернет архитектурата, маркетингот, комуникациите и голем дел од информатичките технологии. Според тоа, со нови и стручни познавања, наша цел е да понудиме портал кој ќе има професионален изглед и функционалност по светски стандарди.
Знаејќи ги барањата, очекувањата на младите, како и на сите оние кои сакаат квалитетно да го искористат своето време, а воедно и да научат и дознаат нешто повеќе, ние дојдовме до заклучок дека Вие залужувате ништо помалку од сериозен и воедно забавен портал.
Нашите општи очекувања, кои се надеваме, се во склоп на вашите желби, е да постоиме како еден механизам, и со полни сили да се впуштаме храбро во големата виртуелна конкуренција, за да го исполнуваме вашето време. А впрочем тоа е и сè што бараме за возврат – времето за релаксација, да биде наш предизвик... зошто сепак, пред сè, Вие сте најважни.
Досегашните статистики покажаа висок пораст на посети за релативно кратко време. Тоа само по себе говори за квалитетот и за тоа колку сме успеале да ве задоволиме Вас. Ви благодариме на лојалноста и довербата!
Со почит, Тимот на CRNOBELO.com
|