|
Дадени ви се 5 канистри, полни со топчиња. Само еден канистар е полн со топчиња кои тежат 9 грама секое, останатите се полни со топчиња кои што тежат по 10 грама.
Сите топчиња и канистри изгледаат исто. Имате само една можност за мерење на дигиталната вага со цел да утврдите кој е канистарот со топчињата од по 9 грама.
Ова може да се направи, дали знаете како? Запомнете, имате само едно мерење на вагата.

Оставајте ги вашите одговори како коментари. Оној кој прв ќе го даде точниот одговор ќе добие бесплатна е-меил адреса @crnobelo.com со 6 гига простор.
П.С. Во коментарите оставете и ваша е-меил адреса со цел да можеме да ве контактираме.
Решение
Да претпоставуме дека во сите канистри има топчиња по 10 грама и да извадиме од канистарот А едно, Б две, Ц три, Д четири, Е пет топчиња. Математички би изглдало вака нешто:
A: 1x10=10 B: 2x10=20 C: 3x10=30 D: 4x10=40 E: 5x10=50 ----------- Вкупно: 150
Сега, доколку во било кој од овие канистри има топчиња од по 9 грама, математиката би била следна:
A: (1x9) B: (2x9) C: (3x9) D: (4x9) E: (5x9)
Доколку во првиот канистар има топчиња по 9 грама, ќе множиме 1 со 9, а останатите по 10, што значи крајниот збир би бил 149. Доколку се во вториот, би множеле 2 по 9, а останатите по 10, па крајниот збир би бил 148 и така натака...
Според тоа, во зависно која од следните цифри би се појавила на дигиталната вага, во тој канистар се топчињата од по 9 грама:
149=A 148=B 147=C 146=D 145=E
Лесно е, ама треба да ти текне! 
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
 |