Сакате ли да си пиете кафенце?

sakate-li-da-si-piete-kafence

Дали веќе го испивте вашето утринско кафе? Можеби второто? Уживате ли во шолја топло макијато, нескафе, еспресо, турско кафе?

Еве што вели хороскопот на тема кафе:

Овен – Нема време за долги седенки и бавно пиење кафе. Пие од нога или воопшто не пие. Не гледаат на кафето како на посебен ритуал, повеќе како непотребна навика.

Бик – Овој хедониста комбинира кафе со некои слатки, најдобро со торта, сладолед или бисквити. Пие благо кафе, а омилено им е ајс кафе во друштво.

Близнаци – На овој знак му одговара помали количини кафе почесто во денот. Но, сепак, не пречесто. Ужива во трачарење со кафе!

Рак – Сакаат вкусно подготвено домашно кафе – турско по можност. Амбиент на убаво кафе во пријатна атмосфера е она што им го зголемува уживањето во денот.

Лав - Лавовите сакаат ритуално пиење кафе. Уживаат во кафе покрај море и во природа. Не експериментираат премногу и не практикуваат кафе со млеко.

Девица – Сакаат кафе исклучиво за освестување рано наутро или кога ќе почувствуваат умор и дремка. Обично пијат на брзинка „од нога“.

Вага – На Вагите им е важно кафето да е сервирано во убав сервис. Сакаат шеќер во коцки или комбинација со бисквити.

Скорпија – Тие се љубители на горко, црно, кратко и јако кафе. Со нивниот жилав желудник можат да пијат и повеќе шољи дневно. Кафето го доживуваат како стимуланс пред „битка“ и освојување – на работа или во приватниот живот.

Стрелец – Сакаат дотерано кафенце, со пена и исцртано нешто на неа, чоколаден прелив и кафиња со различен вкус. Сакаат да испробуваат кафе и во комбинација со малку алкохол.

Јарец – Кај Јарците кафето е средство за работа. Им служи да го издржат уморот секојдневно. Најмногу сакаат обично, црно кафе, без посебни додатоци. Не уживаат во разговорите кои се вртат во друштво додека се пие кафе.

Водолија – Кафето им е уште едно средство за дружење. Мора да биде необично, но често го менуваат со топло чоколадо или чај, затоа што не им влијае добро честото пиење кафе.

Риби – И Рибите сакаат да комбинираат. Комбинација од кафе, млеко, сладолед и бисквити со чоколадо – ги задоволува сите нивни потреби. После ова може и овошен сок. Па кој може, нека проба.

Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Каков татко ќе биде вашиот партнер, според месецот на раѓање? Мажите родени во февруари се забавни татковци, додека оние родени во март се осо...
Колку се (не)среќни хороскопските знаци во животот? Рибите се исклучително среќни, но толку многу се навикнати работите да си одат п...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
4 хороскопски знаци кои ќе бидат магнети за драма во 2026-та (уште на почетокот од годината) Близнаците се дружељубиви луѓе, а колку повеќе се социјализираат, толку им се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg