Хороскопските знаци и кармата

Кармата е своевиден закон за причини и последици кој владее во материјалниот свет. Постои добра и лоша карма и таа постојано се создава - со добрите постапки се создава добра карма, а со лошите - лоша.

horoskopskite-znaci-i-karmata

Хороскопот открива како секој хороскопски знак најдобро може да влијае на својата крама.

Според таа филозофија, треба да се потрудиме да правиме добри дела и да си ги простуваме повремените падови и грешки.

Ова е мал потсетник како секој хороскопски знак може најдобро да ги искористи своите особини за позитивно да делува на светот околу себе.

Овен
Генерално, потрудете се да бидете љубезни, топли и весели, а не премногу горди. Потрудете се вашето добро влијание да се прошири на другите. Обесхрабрената личност секогаш можете да ја подигнете и расположите со својот оптимизам и мотивација.

Бик
Вие имате око за се она што е убаво во материјалниот свет. Препуштете се на својот ентузијазам, нека се гледа на секој чекор и поделете ја својата љубов кон добрите работи, без разлика колку ви се чинат мали. Животот е уметничко дело во создавање.

Близнаци
Вие сте комуникатор на Зодијакот. Слушајте и охрабрувајте ги луѓето да го кажат она што го мислат и да се изразат на начинот на кој знаат и умеат. Дружете се, бидете друштво за шопинг - добро се снаоѓате во оваа улога. И малата услуга би можела потполно да го смени животот, вашиот или туѓиот.

Рак
Вие знаете да направите луѓето да се чувствуваат како дома. Тие затоа ќе се отворат кон вас и кон другите. Вашата емпатија и топлина чесно можат да го растераат чувството на самотија.

Лав
Живеете во центарот на внимание, па кога со некого ќе го поделите тоа место или го предадете доброволно на некој друг, тоа е голем подарок и благодет. Вие сте во состојба да поттикнувате и да ја поддржувате самопочитта кај другите луѓе како ниеден друг знак.

Девица
Практичноста и ревноста во малите животни работи се вашето второ име. Вие можете без проблем да бидете таен (или не така таен) шампион за оние кои не се доволно ценети. Комплиментите или убавиот збор од ваша страна имаат големо влијание.

Останатите 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg