Годишен хороскоп за 2013 – Девица

godisen-horoskop-za-2013-bliznaci-1

Општо: 2013 година за вас ќе биде стресна и напорна. Најмногу стрес ќе почувствувате во летниот период кога ве очекуваат одлични можности за бизнис, само треба добро да размислите и да се одлучите за најдобрата. Заради преголемата зафатеност со работата, друштвениот живот ќе го запоставите, најмногу во летните месеци, а пред крајот на годината сепак се ќе дојде на свое место кога повеќе ќе се посветите на самите себе и на вашите сакани. Понекогаш е невозможно да ги остварите сите планови, но важно е да размислувате дека се ќе дојде во право време и правилно да ги усмерите вашите мисли и позитивната енергија. Во текот на наредната година, поставеноста на планетите ќе ви помогне појасно да ги одредите приоритетите во вашиот живот. Не е секогаш се така лесно, но со поголемиот напор кој го вложувате вашата самодоверба оваа година се повеќе ќе расте.

Работа: Работните обврски во текот на 2013 година може и да не бидат во најдобар ред, меѓутоа вие секако ќе се снајдете. На располагање ќе имате голем број на проекти на кои ќе можете да се посветите, меѓутоа едноставно ќе мора да одберете исклучиво неколку. Ве советуваме први на листата да ви бидат оние најпрофитабилните. Во 2013 година важно е да престанете да избрзувате со работите и одлуките. Годишниот хороскоп за 2013 покажува дека недоволно промислените одлуки, во текот на оваа година може да ве доведат до озбилни проблеми во кариерата и финансиите.

godisen-horoskop-za-2013-devica

Љубов: На љубовен план, кај слободните девици, нема да има значајни промени бидејќи кариерата ќе им биде на прво место. Можни се неколку кратки авантури во летните месеци, додека кај оние во врска можни се мали кавги и недоразбирања кои ќе настанат како последица од преголемата посветеност на вашата кариера. Не очекувајте се да се реши едноставно. Во текот а оваа година вашето семејство и најмилите ќе ви бидат потполно на располагање, па затоа посветете им и вие малку повеќе внимание.

Здравје: Во текот на оваа година внимавајте на здравјето. Заради преголемата окупација со работните обврски, ќе се храните се понередовно. Ставете се себеси на прво место, затоа што ако го запоставите здравјето, нема да успеете успешно да ја развивате вашата кариера. Обрнете внимание на срцето, нивото на притисок и циркулацијата. Можни се компликации во дигестивниот систем. Бидете внимателни во периодот од 23 февруари до 11 март, почетокот на јуни, средината на август, како и при крајот на годината.

Оваа година е погодна за напредување на работа, што многу добро ќе знаете да го искористите. Покажете ја својата креативност и фантазија, така што на вашите работни успеси нема да им се гледа крајот. Важно е само да ги следите своите планови и цели и да бидете упорни.

Среќни броеви за оваа година: 5,17,26,30

Среќен месец: Октомври

Песна која ќе ви ја одбележи оваа година:

Би можело да ве интересира:

Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
Годината на раѓање открива што ве очекува до крајот на 2025-та - Дали ќе бидете среќник или малер? Некој ќе доживее големи промени на подобро, друг го очекува финансиски напредок....
Годишен хороскоп за 2026: Близнаци 2026 година ќе ви донесе низа проблеми, во секој аспект од животот. Ако сте синг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg