Моден хороскоп: Стрелец

Жените стрелци се вечни оптимисти, со слободен дух кој посебно доаѓа до израз кога станува збор за нивниот стил на облекување. На овие жени не им се важни трендовите и она што е во моментот актуелно во светот на модата. Тие се раководат според некој сопствен стил кои го градат некаде во доцните дваесетти години, до кога прилично лутаат со стиловите. Омилена комбинација им се фармерките кои совршено им прилегаат на фигурата и удобни балетанки, патики или чизми. Совршените очилс за сонце им се и повеќе од доволно кога станува збор за аксесоарите.

moden-horoskop-strelec-1

Типични претставнички на овој знак се едноставните жени кои доколку не се пронаоѓаат во класичниот стил, за деловните обврски одбираат добро познати елегантни парчиња како што се панталоните со висок струк,бела кошула и високи потпетици. Тие ги обожаваат кошулите од пријатни материјали, удобните потпетици, кожните јакни и фармерките во сите можни бои и нијанси. Не се љубители на многу аксесоари, но кога ги носат – ги носат со многу стил и префинетост.

Не купуваат често, но кога ќе се упатат кон продавниците тогаш тие влегуваат исклучиво во оние проверените, со малку повисоки цени од останатите. Идеален избор за жените стрелци се кратките панталончиња и шорцеви, не поради тоа што е срамежлива да носи кратки фустани и здолништа, туку поради тоа што жените Стрелци се убедени дека нема ништо посекси од панталони. Облеката која ја носат пред се мора да биде удобна, за да може да се носи со нескротливиот авантуристички дух на Стрелецот.

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-strelec-2

moden-horoskop-strelec-3

moden-horoskop-strelec-4

moden-horoskop-strelec-5

moden-horoskop-strelec-6

moden-horoskop-strelec-7


Идеална претставничка на жените Стрелци:

moden-horoskop-strelec-8

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg