Кинески хороскоп: Што ве очекува во наредниот период

Месецот на Златните Земјени Овци трае од 6 јули до 7 август и представува период на доминација на жените. Може да донесе проблеми во контактите на спротивните хороскопски знаци, но може и да доведе до заљубување и романтични доживувања.

kineski-horoskop-sto-ve-ocekuva-vo-naredniot-period-01

Во текот на овој месец доминира елементот на земја со 48%, огнот е застапен со 9% а со 3% е застапен елементот на дрво, па затоа влијанието на планетите е насочено наспроти земјата, местото во кое живеете, станбениот простор.

Земјата симболизира се што е продуктивно, таа ги прави луѓето сериозни и подготвени да се соочат со проблемите на реален начин.

Периодот до 7 август е идеален за на доминација на жените и работите кои се типични за понежниот пол. Многу од нив ќе сакаат да купат стан, куќа или пак да го преуредат својот станбен простор.

Овцата содржи во себе елемент на оган и земја па затоа е ова ќе биде релативно мирен период за нив, дури и за оние кои се пречувствителни или повремено се повлекуваат во себе.

Преголемата чувствителност што произлегува од знакот Овца која доминира овој месец, може да донесе проблеми со луѓето од знаците Бивол и Змеј. Ако сте типичен претставник на знаците како Зајак, Овца, или Куче не дозволувајте да ве провоцираат.

Овој месец носи можност за љубов и романтични моменти. Многумина ќе сакаат да најдат поддршка во оние кои се посилни, особено Кучињата. Коњот, Зајакот и Тигарот ќе бидат просечни кога е во прашање на љубовниот однос. 

Овој период треба да користите комбинација на златана и тиркизна боја или жолта и зелена. Кафената боја исто може да ви донесе среќа со работите поврзани со недвижности. Несигурноста може да ви донесе непотребни проблеми бидејќи ќе постојат шанси за добри зделки, особено за оние кои се бават со уметност.

Ова е месец во кој сите можете да бидете мрзеливи и непрактични.

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Годишен хороскоп за 2024: Скорпија Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg