Годишен хороскоп за 2014 година - Бик

Тврдоглави, но трпеливи, Биковите оваа година ќе бидат подготвени за секоја олуја која ќе ја доживеат. Првиот дел од годината ќе ви донесе борба за работа и пари, додека здравствените проблеми ќе ви создаваат конфузија во текот на целата година. Добрата вест е што љубовта и интимноста ќе ги одржувате на одлично ниво, па ќе имате безрезервна поддршка.

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-01

Работа и пари:

Според овогодинешниот хороскоп, Бикот ќе има непријатности на работното место кои ќе ги предизвика самиот. Сепак, добро е да запаметете - грижите за работата или долговите нема многу да ви помогнат.

Наместо тоа, сконцентрирајте се на своите најдобри квалитети и верувајте дека сте во состојба да одработите одлични нешта! А, ако не успеете, повторно започнете од почеток.

2014та година ќе биде добра година за усовршување на нови вештини и развој на нови способности.

Можеби ќе се изненадите, но од месец јануари па се до мај ќе имате шанса да постигнете огромни успеси. Не си дозволувајте да се сомневате сами во себе и да излезете од играта.


Љубов, семејство, пријатели:

Она што сигурно ќе го добиете оваа година е поддршка од вашите пријатели, семејството и саканите личности.

Годишниот хороскоп за Бик покажува дека ова е година на вашите романтични врски. Вашата способност да комуницирате и да се доверите на својот партнер, допринесува до зацврстување на љубовните врски.

Исто така, довербата која ви е на високо ниво, ќе си го направи своето.

Ако сте во кратка врска, не избрзувајте со интимата, туку трудете се што подобро да се запознаете. Дозволете им на страстите да паузираат и овозможете им спонтан тек на случувањата.

Имате повеќе од доволно пријатели, но сепак ќе запознаете неколку нови во месец мај и јуни.

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-02

Здравје:

За Биковите ретко постојат предизвици на кои не можат да одговорат. Биковите се познати по својата тврдоглавост, па затоа никогаш не се откажуваат. Искористете ја оваа особина и кога ќе се борите со своето здравје.

Покрај тоа, пристапувајте им логично на задачите. Што е она што ви успева, а што не? Правете ги оние работи кои ви даваат позитивни резултати и елиминирајте ги оние кои резултираат со негативни последици.

Годишниот хороскоп за Бик покажува дека има шанса да се откажете од некои задоволства во чест на здравјето. Најважно е да не дозволите тврдоглавиот став да работи против вас.

Позната личност во знакот на Бик -  Адел

godisen-horoskop-za-2014-godina-bik-03

Би можело да ве интересира:

Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
5 хороскопски знаци кои никогаш не даваат втора шанса Гордоста е она што не им дозволува на Лавовите да простат и да дадат втора шанса...
Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg