Годишен хороскоп за 2014 - Девица

Стабилноста е секогаш добредојдена за Девиците. Годишниот хороскоп за 2014та година покажува дека ќе го достигнете максимумот на многу полиња. Сè ќе биде лесно и по ваша желба, па затоа ќе ви недостасуваат авантурите. Но, сепак ќе се помирите дека едноставноста е добра работа. Концентрирајте се на кариерата, но балансирајте со сопствените задоволства.

godisen-horoskop-za-2014-devica-01

Работа и пари:

Во 2014 година важно е да престанете да избрзувате. Годишниот хороскоп укажува на опасности во кариерата и финансиите доколку не сте доволно внимателни.

Проверувајте ги работите најмалку 2 пати! Не си предизвикувајте проблеми од невнимание и не брзајте во било кое долгорочно решение.

На почетокот на 2014та се забележува напредок од почетокот на март, а во наградите ќе можете да уживате неколку месеци подоцна.


Љубов, семејство, пријатели:

Во почетокот на годината Девиците ќе доживеат интимни проблеми. Ќе ви биде потребно малку повеќе време за нивно решение, но не паничете.

2014та ќе биде идеална година да поработите на односите кои веќе извесно време ги избегнувате. Доколку не можете сами, побарајте помош од некој близок член на семејството или пак стручно лице.

Во јуни љубовта ќе ви се насмевне, додека пријателите и семејството ќе бидат ваша постојана поддршка.

Посветете им време на луѓето кои ве сакаат и ќе добиете многу повеќе за возврат!

godisen-horoskop-za-2014-devica-02

Здравје:

Што се однесува до здравјето, нема место за паника. Останете во форма и хранете се здраво – само така ќе се одржувате здрави и витални.

Ако ви здосади таквиот начин на живот, обидете се да пронајдете некој нов спорт или здрав ресторан кој ќе ви ја разбие монотонијата.

Позната личност во знакот на Девица - Бијонсе

godisen-horoskop-za-2014-devica-03

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg