Годишен хороскоп за 2015 година - Близнаци

Новата 2015-та година ќе ви донесе големи промени. Ќе станете посериозни и поодговорни, односно доволно зрели за да ја преземете одговорноста за своите дела.

godisen-horoskop-za-2015-godina-bliznaci-01.jpg

Во 2015-та концентрацијата ќе ви биде на високо ниво, но можно е постојано менување на расположението.

Последниот месец од годината може да ви донесе среќа и благосостојба, но бидете подготвени за многу финансиски давачки.

Работа

На самиот почеток од годината ќе имате полни раце задачи и обврски, што ќе ви помогне да се сконцентрирате и да ги извршувате секојдневните обврски без да ви побегне главната, долгорочна цел.

Можни се повремени несогласувања со надредените, кои може да влијаат на вашата позиција и средината во која работите.

Избегнувајте ги сите конфликти со соработниците.

Личностите родени во знакот на Близнаци, во текот на цела 2015-та ќе бидат посебно креативни, а врвот ќе го достигнат во последните 2 месеци.


Љубов

Во 2015-та година очекувајте хармонија и радост во односите со партнерот.

Емотивниот однос со партнерот ќе го достигне врвот, но внимавајте да не се размазите и да не барате премногу од него/неа. Блискиот и успешен однос ќе ви ја подигне самодовербата.

Кога ќе донесувате нови љубовни одлуки, ви советуваме да бидете решителни и храбри, затоа што само на тој начин ќе дојдете до успехот.

Слободните Близнаци треба да бидат малку попребирливи околу изборот на партнер, што посебно ќе се покаже како успешно кон средината на 2015-та.

godisen-horoskop-za-2015-godina-bliznaci-02.jpg

Финансии

Бидете внимателни затоа што во 2015-та ќе имате некои неочекувани давачки.

Сконцентрирајте се и стабилизирајте ја состојбата со парите за полесно да ги дочекате сите потешкотии во наредната година.

Проверете го статусот на работите кои се во ваша лична сопственост, како и имотот. Не дозволувајте да дојдете до поделба на имотот заради невнимание.

Близнаците во 2015-та година мора да бидат свесни дека само со сопствен напор ќе можат да ја поправат финансиската состојба, затоа што нема да добијат никаква милост или помош, барем не оваа година.


Здравје и енергија

Првите месеци здравјето ќе ви биде променливо и нестабилно, па затоа подобро е да ги дефинирате целите и плановите во животот. Потоа, опуштете се со мадитација и релаксација.

Втората половина од годината ќе ви донесе подобрување на состојбата, односно позитивна здравствена ситуација.

Ви советуваме да ги преиспитате сопствените емоции и чувства за да ги елиминирате негативните мисли кои ќе ве опседнат и направат безволни.

Спијте доволно, чувајте си ја енергијата и не ја трошете на неважни луѓе.

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg