Годишен хороскоп за 2015 година - Лав

Личностите родени во знакот на Лав во 2015-та година ќе бидат изложени на нови можности во сите животни полиња.

godisen-horoskop-za-2015-godina-lav-01.jpg

Во текот на цела година страста ќе ја одржите на високо ниво, а кон крајот конечно ќе ги добиете одговорите кои долго сакавте да ги откриете.

Цела 2015-та ќе биде одлично време за донесување важни одлуки поврзани со емоциите и работата. Конечно ќе постигнете рамнотежа помеѓу приватниот живот и кариерата.

Ако имате уметнички предиспозиции или се занимавате со создавање уметност, ова е вистинската година кога треба да го истакнете вашиот талент.

Работа

Иако околината и соработниците нема да ви бидат наклонети, 2015 година ќе ви донесе нови предизвици.

Во втората половина од годината можни се чести несогласувања со колегите и упорно ќе се трудите да си ја задржите работната позиција.

За среќа, ќе бидете полни со нови идеи кои полека ќе почнат да се исполнуваат.

Само ви советуваме помалку да зборувате, а повеќе да работите ако сакате добри резултати.


Љубов

Оваа година Лавовите ги очекува хармоничен и среќен емотивен живот.

Отворено ќе комуницирате со партнерот и ќе успеете да ги решите недоразбирањата кои се создале и натрупале во последните неколку месеци.

Ако мислите дека некаде сте погрешиле, вратете се чекор наназад.

Слободните Лавови во 2015-та ќе пронајдат партнер за долга и стабилна врска, додека Лавовите кои се во врска не треба да даваат ветувања кои не се во состојба да се исполнат. Само така може да си ја уништите врската оваа година.

godisen-horoskop-za-2015-godina-lav-02.jpg

Финансии

Финансиската ситуација ќе биде прилично лоша. Ќе треба да вложите напор и да заштедите некој денар затоа што ве чека тежок период.

Кон крајот на годината ќе ви се пружи прилика да ги размножите парите, но важно е да не наседнувате на брзата заработка затоа што ќе изгубите многу повеќе отколку што ќе добиете.

Мора да го слушате внатрешниот глас и да постапувате смирено и внимателно.

Дополнителен стрес ќе ви донесе и натрупаниот распоред од настани и обврски кој никако нема да се поклопува со вашиот финансиски план.


Здравје и енергија

Можни се краткотрајни заболувања кои не смее да влијаат на вашето ментално здравје.

Бидете свесни за своите ментални граници и делувајте разумно.

Вашето тело има потреба од физичка активност, затоа направете напори. Оваа година ќе биде добра за воведување нов режим на исхрана или диети.

Кон крајот на 2015-та очекувајте посебно подобрување во вашето психо-физичко здравје.

Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg