Годишен хороскоп за 2015 година - Вага
Со оглед на поволното влијание на планетите, 2015-та ќе биде посебно поволна и безгрижна во сите сегменти од животот.
Оваа година Вагите ќе напредуваат емоционално и работно, односно ќе бидат чекор понапред до зацртаните цели и сонови.
Вагите ќе мора да ја одвојат реалноста од сонувањето и фантазиите кон кои се склони.
Можна е посебна нетрпеливост која ќе мора да ја замените со рационалност и трпение, прифаќајќи ги понудените компромиси и решенија.
Работа
Во првата половина од 2015-та година ќе мора да бидете внимателни и одговорни затоа што некој од колегите може да биде насочен кон уништување на она што вие го правите.
Размислено донесувајте одлуки и внимавајте на вашите реакции.
Втората половина од годината ќе биде поволна за работа заради тоа што полесно ќе напредувате.
Крајот на годината ви носи голема промена на кариерата, што ќе влијае и на вашата финансиска состојба.
Љубов
Оваа година ќе се зближите со партнерот како никогаш до сега заради тоа што слободно ќе ги искажувате вашите чувства.
2015-та ќе биде година на почитување, доверба и среќа во вашата врска. Единствена опасност е вашата посесивност која ќе мора да научите да ја контролирате, во спротивно негативно ќе влијаете врз вашиот партнер.
Општо позитивниот пристап и доброто расположение ќе ви донесе успешна година на љубовен план.
Слободните Ваги во текот на летните месеци конечно ќе запознаат интересна личност, но не за кратка авантура, туку стабилна врска.
Финансии
Почетокот на годината ќе ви овозможи стабилен старт, но до средината на годината може да бидете изложени на неколку немири и многубројни фрустрации.
Иако ќе владеат планетите кои се насочени кон трошењето на пари, на приоритетната позиција треба да ви биде рационалното купување во комбинација со штедењето.
Послушајте ги советите на семејството и пријателите за на време да сфатите каква е вашата финансиска состојба, пред да биде доцна.
Здравје и енергија
Во првата половина од годината ќе имате проблем со метаболизмот, но ќе успеете да ги избегнете сериозните болести и здравствени мачнини.
Ве советуваме да воведете диета, односно рационална исхрана во комбинација со многу физички активности. Само на тој начин ќе го сочувате здравјето.
Низ вас ќе струи позитивна енергија во текот на целата година, која добро ќе влијае на вашето психичко здравје.