Не им верувајте: Кои 3 хороскопски знаци најмногу лажат?

Ако не сте сигурни колку може да им верувате на своите пријатели, партнери и колеги, проверете дали се наоѓаат помеѓу 3-те хороскопски знаци кои најмногу лажат.

ne-im-veruvajte-ovie-3-horoskopski-znaci-najmnogu-lazat-01.jpg

За овие 3 знаци лажењето е најприродната работа на светот, баш како дишењето и испивањето на чаша вода.

Лав

На Лавот му е неопходно да биде во центарот на вниманието. А, за да го постигне тоа често ги преминува границите. Затоа е способен да лаже и измислува. Ако ги фатите во лага, нема ништо да признаат, туку ќе ви докажат дека вие грешите. Ќе ве убедат дека црното е бело и уште на крај вие ќе излезете оние кои сакаат да се расправаат за ништо.


Риби

На рибите ни малку не им е тешко да лажат за да си ја сочуваат славата. Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување, па затоа што веќе живеат во измислен свет, не им е тешко да си измислуваат лаги и приказни. Толку добро знаат да замачкаат очи што понекогаш и сами си веруваат во своите измислици.

ne-im-veruvajte-ovie-3-horoskopski-znaci-najmnogu-lazat-02.jpg

Близнаци

Чувајте се! Близнаците толку лесно ќе ве излажат, како тоа да е најприродната работа во светот. За помалку од минута може да ви ја издадат довербата. Толку често лажат што веќе не паметат на кој што му кажале, па лесно ќе се фатат во својата стапица. Додека да се свестите, Близнаците може да ве прелажат како се викаат, каде се родени, каде живеат, што работат... Тие не ја извртуваат вистината, тие жонглираат со неа.

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg