Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

Во времето на модерните технологии и социјални мрежи ретко кој не е зависен на некој начин од Фејсбук. Сите различно се претставуваат и за различни цели го користат, а има и ретки кои успеваат да му одолеат.

kako-horoskopskite-znaci-se-odnesuvaat-na-facebook-01

Како вие или вашите пријатели се однесувате на Фејсбук може да се открие и преку хороскопот.

Овен

Овенот не поминува многу време на Фејсбук со цел да запознае некој нов пријател. Нему Фејсбук му служи како еден вид маркетинг со кој го промовира спортот и спортските активности. Тоа може да се заклучи и по неговите фотографии.

Бик

За Бикот Фејсбукот е еден вид разонода. Тоа е оној тип кој постојано чита статуси, гледа фотографии, а потоа е во состојба и цел месец да не се вклучи. Ги презира вулгарните фотографии и коментари, па повеќето виртуелни пријатели ги става на листата блокирани.

Близнаци

Близнаците се дефинитивни победници во бројот на пријатели. Во состојба се и дење и ноќе да поминуваат време пред мониторот. Флертуваат со секој што им се чини симпатичен, но често забораваат со кого-што зборуваат.

Рак

Тие имаат строго одбран круг на пријатели и роднини. Главно доминираат фотографии од заеднички собири, прослава на родендени, слави. Профилната фотографија најчесто им е со некој близок.

Лав

Селфоманијак. Лавот го опсипува профилот со своите фотографии во сите пози. Секако, на нив е впечатлив неговиот материјален статус. Лавот е крал на дискотеките, па доминира на секоја фотографија од ноќниот живот, на коментарите и лајковите им нема број.

Девица

Можно е Девицата дури и да нема Фејсбук профил. Ако го има, тогаш ретко се најавува, па може да помислите и дека се работи за лажна личност. Најчесто го користи за пропаганда околу здравиот начин на живот.

kako-horoskopskite-znaci-se-odnesuvaat-na-facebook-1.jpg

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...
Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Како секој хороскопски знак (суптилно) ќе ви покаже дека се заљубува во вас? Ако навистина им се допаѓате на Рибите, тие ќе ви ги раскажат своите соништа. По...
Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате довол...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg