Римски љубовен хороскоп: Кој знак е вашата сродна душа?

Римјаните верувале  дека во посебни услови гатањето може да ви помогне да си ја откриете иднината, па токму затоа во тоа време астрологијата била речиси официјално занимање.

rimski-ljuboven-horoskop-koj-znak-e-vasata-srodna-dusa-01.jpg

Еве што старите Римјани предвиделе за секој хороскопски знак на поле љубов:

Овен

Затоа што сте дрски и упорни, не се откажувате додека не го изморите противникот, односно оној кој ви го привлекол окото. Дамите може да се најдат на честа мета на Водолиите и Лавовите, додека на посилниот пол може да му се допадне некој недостижен Близнак или Стрелец кој не го држи место.

Големи се шансите сродната душа да ја запознаете на забава. Емоциите може да се јават за некој кој е поврзан со странство или е тотален странец кој сте го запознале за време на патувањата. Меѓутоа, оние кои веќе имаат некој исто така може да западнат во паралелна, забранета и тајна врска во која ќе доминираат страстите.


Бик

На вашиот шарм и упорност им нема рамен меѓу хороскопските знаци и тоа добро го користите. Секогаш се трудите да оставите силен прв впечаток на оној кој ви се допаѓа. На жената Рак ќе и се допадне заштитничкиот став, а на Девицата сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на некој упорен Јарец или еротски настроена Риба.

Големи се шансите дека сродната душа ќе ја запознаете во мај и ќе се водите по страстите и емоциите. Врската може да се развива многу побавно отколку што сакате и мали се шансите дека ќе ја задржите. Може да развиете емоции за некој кој живее во ваша близина и овие емоции ќе бидат доста изразени до крајот на годината.


Близнаци

Весели сте, забавни и во ваше друштво никогаш не е здодевно. Ова посебно може да и одговара на некоја шармантна Вага или таинствена Водолија, посебно ако сте жена. Машкото внимание без никаква најава може да го привлече некоја Лавица или жена родена во знакот на Овен.

Приликите за започнување нова врска ви доаѓаат сами, па нема да мора многу да се ангажирате. Се ќе се случува само од себе, но врските нема да ви бидат успешни ако не се трудите и вие лично. Ќе имате можност да започнете посериозна врска во која вие ги одредувате правилата. Најголемиот предизвик доаѓа од трпението кое ќе мора да го покажете.


Рак

Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности, што добро и го нагласувате и на личноста која ви се допаѓа. Ако сте жена Рак, вниманието ќе ви го привлече некоја Скорпија или сензуална Риба, додека машките Ракови би требало да им обрнат поголемо внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат.

Без оглед на тоа дали сте сами или имате партнер, во животот може да ви дојдат и бивши партнери и со самото тоа да ви ја разбрануваат врската. Ако сте сами кога бившите ќе се појават, бидете подготвени да го решите се она што со години го криевте и простувавте.


Лав

Страствени сте и топли, често паѓате на надворешната убавина, но и покрај тоа знаете да препознаете вистински емоции. Посебно лесно ќе ги познаете ако доаѓаат од некој страствен Овен или романтична Вага. Ако сте маж, нема да одолеете на духовитоста на една жена родена во знакот на Близнаци или на спонтаната лежерност на Стрелците.

Секоја личност која ќе влезе во животот е таму со причина, имајте го тоа на ум. Бирајте личности кои ќе ви пружат сигурност и стабилност, наместо забава и моментални задоволства. Само тоа е рецептот со кој ќе стигнете до сродната душа.


Девица

На вашиот перфекционизам најмногу му одговара мало опуштање во друштво на весели личности како Бик или доминантен Јарец, посебно ако сте жена. Машките претставници на овој знак веројатно ќе бидат привлечени од жена Скорпија или Рак.

Сродната душа и совршениот партнер веројатно ќе го запознаете во близина каде што живеете или преку некој член од семејството, колку и да ви звучи старомодно. Затоа, не ги избегнувајте фамилијарните покани.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg