10 работи кои само Скорпиите можат да ги разберат

Скорпиите се независни личности кои се подготвени да направат сè само за да ги добјат посакуваните работи и цели во животот. Тие се екстремно амбициозни, одлучни и упорни. Врските со нив се секогаш комплицирани...

raboti-koi-samo-skorpiite-mozhat-da-gi-razberat-01.jpg

Уште 10 работи кои ќе ги разберат само Скорпиите:

1. Кога некој ќе ви згреши, вие веднаш дури и без да сакате или пробате, смислувате план како да се одмаздите. Секако дека вие не цртавте план на заговор за да наштетите некому, идејата ви дојде спонтано.

2. Вашите пријатели дознаваат за некои од проблемите кои ве мачеле со месеци, откако се решиле. Вас никогаш не ви дошло на памет да побарате помош од некого.

3. Кога сте заинтересирани за некоја личност и ја поканувате да излезете, тие не се свесни дека наскоро сакате да се венчате со нив.

4. Секојпат кога ќе излезете од дома сметате дека изгледате како Брeд Пит или како „трол кој поминува на патот“, нема помеѓу.

5. Вие сте единствениот човек во канцеларија што се радува дека нарачувате пица за сите колеги. Кога ќе се возбудите за нешто, возбудени сте!

6. Имате пријатели со кои се дружите со години, но сепак не им верувате целосно. Никогаш не сте сигурни за скриените намери кои ги имаат луѓето.

7. Вашата замисла за бавно влегување во љубовна романса е да не кажете некому дека го сакате, после 3 секунди откако сте сфатиле дека ви се допаѓа.

8. Се правите дека не памeтите сè што некој ви кажал, затоа што стравувате од тоа како ќе реагираат.

9. Влегувате во продавница и гледате редица на касата. Веднаш излегувате. Вие не чекате никого.

10. Кога луѓето се обидуваат да разговараат со вас, а вам разговорот ви е ужасно досаден - вие сте на работ да избувнете, колку лошо и да звучи тоа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Скорпија Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на нек...
Кој грчки бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак (и што тоа открива за вас)? Биковите се слични на Хестија – божицата која е симбол на радост, задоволство и ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Најмрачните карактеристики на секој хороскопски знак Скорпија - повлечени се, љубоморни и злопамтила. Ако сте им згрешиле нешто, ќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg