Кои хороскопски знаци се најдобри за сериозна врска?

Проблемот со долгите врски најчесто настанува во моментот кога страста почнува да избледува. Па, како што постојат луѓе кои остануваат и се борат за таа повторно „да живне“, така има луѓе кои се откажуваат и си заминуваат.

koi-horoskopski-znaci-se-najdobri-za-seriozna-vrska-01.jpg

Во која група спаѓате вие – во првите, кои се идеални за долги врски или од оние вторите, со кои е невозможно да се посигне долгорочна љубов?

Хороскопот може да ви открие:

Овен

Склони се кон нагло одлучување со кој и кога сакаат да се врзат, односно импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемите настануваат кога страста ќе почне да се гаси. Ако не успеат да ја вратат, многу лесно можат да ја прекинат врската. На Овните им е важно да чувствуваат силни импулси, желба и динамика во односот, затоа што единствено така може да трае.


Бик

Биковите обожаваат долги и сериозни врски од проста причина – ја сакаат стабилноста и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив им е важно партнерот да им биде верен и врската да биде сериозна, па дури и по цена да е здодевна понекогаш. Дури и ако се изгубат страстите тешко ја прекинуваат врската затоа што не сакаат промени.


Близнаци

Близнаците по природа се променливи, сакаат да фантазираат, па многу лесно ги менуваат емоциите и мислењата. Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај партнерот флертувајќи со други, но само за да си поиграат. Важно им е да им биде постојано забавно, но и да имаат добра комуникација со партнерот. Ако нешто од тоа недостасува, лесно го менуваат стариот партнер за нов.


Рак

Раковите се едни од најемотивните знаци, но исто така знаат да бидат и пресметливи кога нив им одговара. Тие се идеални кандидати за сериозна врска затоа што сакаат емотивна стабилност. Меѓутоа, исто така долго знаат да патат и да трпат во лошите врски, затоа што не знаат како да ги прекинат.


Лав

Лавовите имаат силно и емотивно срце, заради кое се во состојба да сакаат до срж. Меѓутоа, пред да ја пронајдат вистинската личност може да експериментираат со повеќе кратки врски, па дури и да бидат промискуитетни. Но, за среќа кога Лавот сака нешто сериозно, јасно го покажува.


Девица

Девиците се уште еден променлив знак. Сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако случајно направат грешка во процената на личноста, лесно ја менуваат. Иако сакаат да им угодуваат на другите, сепак овој знак секогаш на прво место се става себеси и своите потреби. Се задржуваат во долги врски само кога нив така им одговара.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци за кои овој март ќе биде најсреќниот месец Кој хороскопски знак конечно ќе здивне од проблеми, а кој ќе ги реши финансискит...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...
6 хороскопски знаци кои не примаат наредби и не можете да ги контролирате Познато е дека Овните се многу тврдоглави и тие веруваат дека во секоја ситуациј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои самите си ја потценуваат интелигенцијата Јарци, вие сте можеби најинтелигентниот знак во Зодијакот, но самите не се гледа...
Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg