Каков хумор има секој хороскопски знак: Близнаците сакаат секси шеги, а Водолиите црн хумор

Што преферирате – црн хумор или пристојни шеги на кои никој не останува рамнодушен? Вашиот хороскопски знак открива каков тип на хумор преферирате и како успевате да ја подобрите атмосферата во друштвото.

kakov-humor-ima-sekoj-horoskopski-znak-bliznacite-sakaat-seksi-shegi-a-vodoliite-crn-humor-001.jpeg

Проверете каков тип на хумор преферирате според вашиот хороскопски знак:

Овен

Ако сте еден од оние кои сакаат да се смеат до солзи, Овенот нема да ве разочара. Нивната форма на хумор е малку будалеста, па природно ќе ви доаѓа да се смеете. Сакаат да имитираат и не можат да се воздржат од смеење ако некој падне.


Бик

Специјалност на овој знак е да ги набљудува другите и да се шегува со нив, на основа на она што го забележува. Биковите обично се ненамерно духовити и чудни, па нивното размислување им доаѓа како освежување на луѓето кои се околу нив.


Близнаци

Припадниците на овој знак брзо размислуваат и подеднакво брзо реагираат, па лесно се надоврзуваат на хумористичните ситуации. Овој хороскопски знак сака шеги кои се поврзани со сексот, а знаат да се пошегуваат и на своја сметка, прикажувајќи се како будалести.


Рак

Раковите се мајстори за хумор на своја сметка иако се прилично чувствителни, немаат проблем со тоа другите да им се смеат. Ниту самите не се свесни колку се духовити, посебно со своите искрени и комични изрази на лицето кои откриваат што мислат.


Лав

Не може да се каже дека припадниците на овој знак не се духовити, но сепак нивната најсилна страна е надоврзување и реагирање на туѓите шеги. Лавовите се одлични во духовито претерување, пример, ако некој каже нешто смешно тие ќе го изобличат и ќе ги насмеат сите.


Девица

Припадниците на овој знак не се нешто посебно духовити, но сепак успеваат да ги насмеат луѓето околу нив со своето бесно расположение, немилосрдна анализа на другите луѓе и критика. Знаат да бидат токсични со јазикот, но она што го кажуваат е точно и смешно за другите.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да се справите со токсичните луѓе, според нивниот хороскопски знак? Често ни се случува во животот да се сретнеме со токсични луѓе, кои може да нѐ п...
Која е вашата тајна опсесија, според хороскопскиот знак? Риби - Сè што е мистично, необјаснето и магично е интересно за Рибите и брзо ста...
Која е тајната страст на секој хороскопски знак (за да му е убаво на душата)? Овните сакаат авантура, па обожаваат места на кои можат да влезат бесплатно, да ...
3 хороскопски знаци на кои физичкиот изглед им е најважен во врските Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и важно им е да изгледаат доб...
3 хороскопски знаци за кои овој март ќе биде најсреќниот месец Кој хороскопски знак конечно ќе здивне од проблеми, а кој ќе ги реши финансискит...
6 хороскопски знаци кои не примаат наредби и не можете да ги контролирате Познато е дека Овните се многу тврдоглави и тие веруваат дека во секоја ситуациј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg