Комплетен хороскоп за зима 2015/2016: Лавовите ги очекува голема љубов, а Девиците професионални успеси

Некои оваа зима ги очекува голема љубов која ќе ги излуди, некои пак, посакуваат малку одмор, а другите се подготвени за нови предизвици и успеси како на личен, така и на професионален план.

kompleten-horoskop-za-zima-2015-2016-lavovite-gi-ocekuva-golema-ljubov-a-devicite-profesionalani-uspesi-001.jpg

Дознајте што ве очекува оваа зима:

Овен

Пред нас е уште една зима во која Овните ќе се учат на трпение. Можеби понекогаш тоа ќе ви оди тешко и бргу ќе избувнувате, но и од лошите работи се учи. Многу ќе ви значат признанијата и комплиментите од другите, бидејќи тие ви се најважното огледало во животот. Негативните коментари можат да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ќе ви шепнат да не се предавате и откажувате. Навремената подготовка може да ви донесе нови победи уште во првите денови од зимата. Интуицијата ќе ви биде изразена повеќе од вообичаено, и вашата животна филозофија ќе ја ставите на испит, бидејќи ве очекуваат големи животни промени.


Бик

Уште самиот почеток на зимата ќе му започне работно на овој земјен знак, но подоцна ќе се посвети на дружењето и забавата. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Биковите, зимата може да донесе нова голема љубовна приказна. Може да се случи толку силно да се заљубат што ќе ја изгубат главата, бидејќи ќе ја сретнат личноста која е фатална за нив. Тука само Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не се претераат со нешто што и не е така силно. Дружењето е доста важно за сите Бикови оваа зима.


Близнаци

Зимата ќе биде малку лош период за вас. Сите оние шеги и приказни повеќе нема да им бидат привлечни на луѓето од вашето опкружување. Потребно ви е големо друштво, но некако сè ви се чини како да нема ништо ново. Сепак ќе знаете дека не сте сосема сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Нема да ви држи место и ќе морате да си најдете некое ново хоби сè додека не видите до каде води тоа. Можеби ќе ви помогне да откриете нешто ново за себеси. Насмевнете се и ве очекуваат позитивни работи во животот.


Рак

Ќе имате впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашето професионално поле. Морате да научите да се носите со предизвиците и да сфатите дека не треба да се преиспитувате, туку со некои работи едноставно да се помирите. Имате одлични идеи како можете да го искористите зимскиот период. Внимавајте на млада машка личност која може да направи лоша атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте и на здравјето на вашите родители.


Лав

Ве очекува период на силни љубовни врски. Прво ќе се заљубите, а потоа ќе започнете да работите со полна пареа на професионален план. Секако, ќе имате прилика убаво да си поминете за време на новогодишните празници и тоа на величествен начин, онака како што умеете. Самиот почеток на годината ќе ви донесе повеќе пари. Морате да се чувате од изливи на бес од една машка личност. Можно е ненадејно патување. Така е најдобро, бидејќи плановите не ви носат ништо посебно.


Девица

Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за мај 2023: Скорпии – бившата љубов ќе ве моли за втора шанса, Риби – врска со кол... Водолија - Ова може да биде мошне романтичен и страстен период, доколку успеете ...
Во каква ситуација (и како) лаже секој од хороскопските знаци? Јарецот ќе ве гледа во очи и ќе ве излаже ако верува дека на тој начин ќе ви нап...
На што најмногу ќе ви влијае ретката сина супермесечина, според хороскопскиот знак? Јарци, сината супермесечина на 30-ти август ќе ве направи поемотивни, а ова ќе и...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Кој грчки бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак (и што тоа открива за вас)? Биковите се слични на Хестија – божицата која е симбол на радост, задоволство и ...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg