Годишен хороскоп за 2016-та – Овен

Овните ќе имаат прекрасна година со оглед на тоа што планетите им се наклонети. Сепак, важно е да се сконцентрираат на приоритетите. Бидете иновативни и така ќе напредувате.

godisen-horoskop-za-2016-ta-godina-oven-2.jpg

2016-та година ќе им биде предизвик на Овните кои ќе се соочат со многу проблеми, но успешно ќе ги совладаат благодарение на позитивниот став. Емотивно ќе бидете посилни, што ќе придонесе кон успех и на тоа поле.

Љубов

Ќе имате прилика за влез во нова врска, доколку сте сами. Вашата потрага по сродна душа ќе заврши до крајот на годината и ќе бидете во сериозна врска во декември 2016-та. Веќе постоечките врски ќе стануваат само посилни, а можна е и принова во семејството. Во врските ќе има поголема страст и без никаков проблем ќе го привлечете спротивниот пол. Помеѓу февруари и мај вашите љубовни пресуди нема да бидат најдобри, па немојте да се впуштате во авантури.


Кариера

Од април до септември 2016-та година ќе влезете во нови предизвици и соработки. Одржувајте ги добрите односи со соработниците, колегите и надредените. Разработете план кој долгорочно ќе ви користи и следете го. Во работата бидете упорни и трпеливи во исто време, само така ќе му се доближите на успехот. Во тоа ќе ви помогне и креативноста и социјалните активности. Проширете го кругот на партнерства преку различни организации и собири.


Пари

Во првите четири месеци од 2016-та, прилично добро ќе заработувате. Секое вложување во овој период ќе ви донесе одличен профит. Ќе можете да ги вратите парите кои ги должите затоа што финансиската ситуација станува подобра. Септември е месецот во кој мора да внимавате на претераното трошење.


Здравје

До април 2016-та ќе бидете витални, енергични и ќе барате нови активности. Со оваа енергија успешно ќе ги надминете сите здравствени проблеми без потешкотии. Овните кои се занимаваат со спорт ќе се истакнат заради нивото на енергија. Ова е одлична година и за духовен развој.


Семејство

Овните кои се во брак може да очекуваат хармоничен однос со партнерот во текот на 2016-та. Сепак, избегнувајте ја потребата да доминирате, само така ќе ги избегнете можните конфликти. Посветете внимание на потребите и на она што ви го кажува партнерот. Во вториот дел од годината страста е на високо ниво, па може да очекувате и принова. Односите со останатите членови од семејството ќе бидат беспрекорни.

godisen-horoskop-za-2016-ta-godina-oven-01.jpg

Родените од 21-ви до 29-ти март

Во работата ве советуваме да внесете иновативни методи како би си ги подобриле резултатите. Периодот од јануари до јуни 2016-та ќе биде профитабилен со помош на блиски пријатели. Вашата внимателност ќе ви помогне да остварите одлични резултати. Поранешните напори оваа година конечно ќе ви се исплатат.


Родените од 29-ти март до 5-ти април

Положбата на планетите ќе донесе мала нестабилност во вашиот живот. Ова ќе ве натера да употребите креативни методи за да ги решите проблемите. Концентрацијата ќе ви биде на високо ниво и вашиот труд ќе ви донесе очекуван успех. Ако треба, побарајте совет од стручно лице. Слушајте го внатрешниот глас кој ќе ви каже по кој пат треба да тргнете.


Родените од 2-ри до 9-ти април

Ќе ви биде потребна помош и насочување на професионален план, за да постигнете успех. Не влегувајте во ризични работи, затоа што можни се големи загуби. Хуманитарната работа ќе ви донесе големо задоволство, а доколку се посветите повеќе на духовноста, ќе доживеете внатрешен мир.


Родените од 9-ти до 14-ти април

Можете да исполните одлични резултати, само ако соработувате. Размислете за плановите кои ги имате и спроведете ги неопходните промени за да напредувате. Победете ги фрустрациите и искористете го својот капацитет мудро и максимално.


Родените од 14-ти до 20-ти април

Семејството ќе ви биде поддршка во текот на целата година и извор на сила во тешките времиња. На самиот почеток на 2016-та, односно во јануари ве очекуваат важни промени во професионалниот живот. Време е да ги анализирате грешките од минатото.


Заклучок:
2016-та година на Овните ќе им донесе неочекувана среќа, но со мали препреки.

Би можело да ве интересира:

Какви сте кога сте лути и нерасположени, според хороскопскиот знак? Дури и кога се лути, Лавовите ќе направат сè за да бидат во центарот на внимание...
Финансиски хороскоп за август 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Некои Ракови ги очекува непланирана добивка, па со парите ќе ги платат заостанат...
Убави и интелигентни: Во кои хороскопски знаци се родени незаборавните жени? Додека убавината и интелигенцијата доаѓаат во различни форми, астрологијата наве...
Во една реченица: Што мислите за бракот, според хороскопскиот знак? Скорпиите го гледаат бракот како длабока врска која им дозволува да ги...
Која храна ви е афродизијак, според хороскопскиот знак? Рак - Се смета дека остригите се вистински афродизијак за нив, па добро би било ...
Годишен хороскоп за 2024: Скорпија Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg