Годишен хороскоп за 2016-та - Бик

Во текот на 2016-та ќе се соочите со внатрешни немири. Морате да се сконцентрирате на зајакнување на сопствената сила и контролирање на емоциите при постигнувањето на материјален успех во животот.

godisen-horoskop-za-2016-ta-bik-3.jpg

Може да остварите нови познанства со луѓе истомисленици. Голема е веројатноста за успех ако не се откажете кога ќе се соочите со неочекуваните предизвици.

Љубов

Во текот на 2016-та година ќе најдете љубов во кругот на пријателите. Биковите кои се веќе во сериозни врски треба да размислат повеќе за односот кој го имаат. До крајот на годината тој ќе стане постабилен и поквалитетен. Ако пак сте во потрага по нова љубов, ќе мора да го промените личниот став за да го привлечете спротивниот пол и да влезете во нова врска. Крајот на годината е идеален за нова љубов.


Кариера

Ова е добра година за нови предизвици и промоција на нови производи. Сконцентрирајте се на подобрување на комуникациските вештини, за да остварите многу подобри резултати. Биковите кои работат во поголеми фирми ќе се соочат со големи предизвици и ќе им треба поддршка од надредените за да ги остварат целите. Социјалните вештини се важни и ќе ви помогнат да му се доближите на успехот.


Пари

Во првиот дел од годината внимателно следете ја финансиската состојба. Ќе мора претпазливо да ги распоредувате средствата, приходите и трошоците за да го задржите балансот. При големи инвестиции или купување поскапи апарати, задолжително барајте совет од стручно лице.


Здравје

Во првиот дел од годината ќе бидете повитални од вообичаено. Сепак, ќе мора да внимавате и да одморате помеѓу стресните периоди на работа. По јули ќе мора повеќе да одморате, да се упатите на патувања кои ќе ве релаксираат и да се оддалечите од стресното секојдневие.


Семејство

Кога се работи за семејните односи, во 2016-та ќе морате посебно да се потрудите за односот со саканите да ви остане добар и стабилен. Можни се вести за принова доколку во семејството имате млад пар кој сака деца.

godisen-horoskop-za-2016-ta-bik-1.jpg

Родените од 21-ви до 28-ми април

Губењето на самодовербата можете да го доживеете заради потешкотиите кои нема да може да ги избегнете, па само ако сте подготвени да се борите и да издржите, ќе имате успех. Не се потпирајте на туѓите критики. Одредете си ги приоритетите и бидете истрајни. Исфрлете ги сите вишок и непотребни активности и држете се до целите.


Родените од 29-ти април до 5-ти мај

Оваа година положбата на планетите е поволна за вас, па можете да бидете оптимисти. Вашата врска ќе напредува и ќе имате нов поглед на околностите, со многу ентузијазам. Настојувајте да бидете иновативни и искористете го максималниот потенцијал. Ова е вистинско време да ве води внатрешниот глас.


Родените од 4-ти до 9-ти мај

Оваа година ќе барате духовен развој е себе-запознавање. Духовните вредности ќе ви бидат во прв план и тоа ќе се гледа низ вашите дела. Ќе се вклучите во хуманитарните активности и ќе настојувате истите да ги проширите. Сите ваши фрустрации ќе исчезнат и ќе бидете исполнети со мир. Своите креативни таленти искористете ги за проширување на хоризонтите.


Родените од 9-ти до 17-ти мај

2016-та е годината кога ќе мора да одлучите дали вие сте личноста која управува со вашиот живот. Размислете за тоа што ви е важно и ослободете се од непотребното. Анализирајте ги постоечките и сериозни врски, и доколку односот ве исцрпува или ве спречува во исполнување на креативноста, тогаш мора да донесете важна одлука. Ако го одложувате донесувањето на одлуките, тогаш тука ќе се замеша судбината и ќе ви донесе несакани краеви.


Родените од 17-ти до 20-ти мај

Ова е одлична година кога можете да се опуштите и да уживате во позитивните резултати од претходните напори. Вашите колеги и надредени ќе ја ценат преданоста на работата и ќе ве наградат. Одржете го нивото на енергија со кое ќе ја започнете годината и тоа ќе ви помогне да постигнете подобри резултати.


Заклучок:
2016-та година ќе биде одлична за да го промените начинот на размислување и да ги видите животните околности од поинаков агол.

Би можело да ве интересира:

Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
4 хороскопски знаци кои ќе најдат љубов до крајот на летово Близнаци, цело лето ќе зрачите позитивна енергија, а ова ќе ви помогне да привле...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Една токсична карактеристика на која мора да поработите, според хороскопскиот знак Близнаци, постојано ги прекршувате ветувањата што им ги давате на другите. Мора ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg