Годишен хороскоп за 2016-та - Вага

Вагите треба да ги искористат своите креативни способности за да осмислат стратегија за подобра иднина низ 2016-та. Мора да одлучите што точно сакате и да делувате со самодоверба.

godisen-horoskop-za-2016-ta-vaga-01.jpg

Со визијата за јасни цели лесно ќе си го проширите и кругот на пријатели и познаници. Оваа година семејството ќе има најважна улога во вашиот живот. Ќе бидете полни со енергија.

Љубов

Во текот на 2016-та година ќе бидете страствени, магнетски привлечни и романтични. Септември е најдобар месец за да влезете во нова врска, која драстично ќе ви го промени љубовниот живот. Нестабилните врски оваа година ќе се соочат со тешки моменти и од истите ќе бидат прекинати. Љубовниот живот ќе ви стане постабилен по ноември. Брачните парови слободно може да планираат проширување на семејството во 2016-та.


Кариера

2016-та година ќе биде поволна за нови проекти. Ќе мора да се истакнете и да имате поголема самодоверба во активностите за да ја исполните целта. Може да се соочите со препреки и отпор од некои блиски колеги, но од друга страна ќе ги има и оние кои ќе ве поддржуваат од се срце. Во работата мора да бидете уверливи за да ја победите конкуренцијата во 2016-та. Важните работни одлуки донесувајте ги во втората половина од 2016-та. Ве советуваме одлуките да не ги донесувате ненадејно, туку промислено. Дајте си повеќе време за размислување.


Пари

Благодарение на Јупитер оваа година ќе си ја подобрите финансиската ситуација. Во тоа ќе ви помогнат долгорочните вложувања и планирања. Крајот на годината е поволен за решавање на проблемите со имот. Ослободувањето од непотребните трошоци ќе ви помогнат да постигнете поголема стабилност, па затоа во 2016-та најдобро е да вложувате исклучиво во домот.


Здравје

Во текот на 2016-та година ќе имате добра физичка кондиција и многу можности да уживате во животот. Сепак, емотивно ќе бидете променливи. Ќе си помогнете само ако повеќе одморате. Помеѓу април и јули очекувајте нестабилност во здравјето, која ќе се поправи дури по септември.


Семејство

Оваа година кога се работи за семејството ќе мора да се држите до правилото „прости и заборави.“ Важно е да не бидете злопамтило за луѓето кои ви направиле 100 добри дела, а само едно лошо и тоа не сакајќи.

godisen-horoskop-za-2016-ta-vaga-02.jpg

Родените од 23-ти септември до 1-ви октомври

Во текот на 2016-та насочете ја својата енергија кон постигнување нови резултати. Од голема помош ќе ви биде добрата концентрација, самоконтрола и влијанието на Сатурн кој носи упорност.


Родените од 2-ри до 8-ми октомври

Положбата на планетите ќе ви помогне да се активирате и да ја разбиете рутината, односно да остварите значајни животни промени во текот на 2016-та. Ќе мора да препознаете што ве кочи и спречува и да размислите за нов пристап кон работите. Ако сакате да напредувате, натпреварувајте се и игнорирајте ги сомнежите. Држењето до стари идеи и личности во животот нема да ви донесе ништо добро оваа година. Не бегајте од реалноста, туку охрабрете се и преземете конкретни чекори.


Родените од 8-ми до 11-ти октомври

Во оваа година треба да се посветите на духовниот напредок и да си ја зголемите свеста за себе и другите. Во настојувањето да помогнете или да спасите некого може да завршите лошо, дури и како жртва. Бидете предадени на хуманитарните цели ако сакате да се чувствувате позадоволно. Мирниот и спокоен ум ќе ве однесе до нови креативни активности. Ќе имате потреба да им простите на сите луѓе, што е одлично.


Родените од 12-ти до 17-ти октомври

Време е да го откриете делот од вас кој долго време бил скриен. Се работи за вашите неоткриени таленти и способности. Сконцентрирајте се на работите кои ве поттикнуваат и ментално и физички да напредувате. Во текот на 2016-та година ќе имате можност да си ја подобрите стручноста во работата. Сепак, односот со партнерот треба да ви остане приоритет, баш како и хармоничниот семеен живот.


Родените од 18-ти до 22-ри октомври

Сконцентрирајте се на основните работи во 2016-та. Ова е добро време да ја насочите енергијата во она што вам ви е важно, а да го елиминирате она што не ви помага да напредувате. Пред да започнете, оваа година ќе мора добро и детално да анализирате. Размислувајте чекор нанапред и секогаш предвидувајте ја одговорноста со кое задоволството ви доаѓа.


Заклучок:
2016-та година е темелот во кој сè ќе создавате за наредните. Заради тоа добро анализирајте и промислувајте ги одлуките, пред да бидат конечни.

Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци што го менуваат односот со партнерот (и бегаат) веднаш по сексот (18+) Стрелецот ќе почне да ги избегнува повиците и да ве игнорира, а Скорпијата целос...
3 хороскопски знаци кои не треба „слепо“ да ѝ веруваат на интуицијата Стрелци, вие секогаш ја гледате големата слика и неретко донесувате импулсивни о...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Љубовен хороскоп за март 2024: Ракови – афера со зафатена личност, Ваги – ќе донесете погрешни одлук... Лав - Ова ќе биде месец на важни одлуки за вас. Можно е да одлучите да започнете...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
4 хороскопски знаци кои никогаш не простуваат и се одмаздуваат сурово Скорпиите можат да бидат безмилосни кон оние кои ги повредиле. За нив е тешко, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg