5 идеални професии за луѓето родени во знакот на Лав

Хороскопскиот Лав може да се пронајде во секоја професија каде што се бара докажување, шарм и топлина за да се постигне успех. Лавовите се прилично социјални и дефинитивно имаат најмногу самодоверба во тимот.

5-idealni-profesii-za-lugjeto-rodeni-vo-znakot-na-lav-001.jpg

Некои можеби се малку потивки и скромни, но во себе поседуваат внатрешна сила која е величествена. На долги патеки, Лавовите дефинитивно не се скроени да се занимаваат со професија која не вклучува интеракција со луѓе. Сакаат да бидат во движење и да се секогаш зафатени со нешто, бидејќи во спротивно брзо им станува досадно.

Преферираат професии во кои ќе изгледаат најдобро што може и ќе бидат важни, а и полниот паричник не е на одмет.

Натпреварувачки настроени и со зацртана цел, Лавовите скоро секогаш се познати и почитувани во областа која ја одбрале за своја професионална бранша.

Ова се петте најидеални професии за луѓето родени во петтиот хороскопски знак:

Актер

Лавовите се грабливци на внимание и секогаш сакаат да се во центарот на случувањата, без разлика дали станува збор за некој јавен настан или обична забава. Лавот лесно ќе го препознаете, бидејќи е оној кој ја анимира и забавува толпата.

Лесно може да се изразат себеси и да „влезат во кожата“ на неколку различни ликови. Не им пречи вниманието, напротив, го посакуваат, така што професијата актер е одличен избор за драматичните лавови.

Кардиолог

По природа Лавовите се великодушни и покрај општите убедувања, сепак се емпатични. Имаат неверојатен талент кога станува збор за човечкиот организам. Внимателни се во работата, а имаат и повеќе од доволно храброст и самодоверба, што ги прави одлични кардиолози.

Новинар

Што прави најдобро Лавот? ‘Ржи и го лови пленот. Комуникативни и истрајни, тие ќе стигнaт до вистината позади секоја приказна. Неретко се бескрупулозни и скоро ништо не може да им застане на патот до целта. Воедно, навистина тешко може да уплашите еден Лав, па сите закани ќе бидат упатени на погрешна адреса. Лавот несомнено може да биде сјаен новинар.

Портпарол

Секси, шармантни, со одлични вокални способности и дикција, Лавовите се дефинитивно скроени за професијата портпарол. Ги сакаат рефлекторите и вниманието, а воопшто не се срамежливи пред камера и публика. Прецизни во ставот и однесувањето, а ретко кога ја губат контролата поради својата горделивост - сето ова ги прави одлични говорници.

Фризер

Лавовите навистина имаат посебна опсесија кога станува збор за косата, не само за сопствената, туку и на тие околу нив. Имаат прилично добар вкус и осет за стилизирање на косата, а нивниот немирен натпреварувачки дух нема да дозволи да не застанат на тронот еднаш кога се одлучиле за својата професија.

Тие знаат што сака секој клиент – да му биде пријатно и да добива многу комплименти, па буквално ќе добиете целосен пакет кога ќе отидете кај Лавот фризер.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg