12 најлоши љубовни парови според хороскопот

Сте биле ли некогаш во врска во која колку и да сте давале сè од себе, едноставно не функционирала?

12-najlosi-ljubovni-parovi-spored-horoskopot-dali-ste-vo-vakva-vrska-01.jpg

Го сакавте вашиот партнер, но тој просто ве излудуваше?

По многубројните расправии и скршени емоции, конечно се разделивте во два различни правци.

Овие неуспеси астролозите ги припишуваат на хороскопската некомпатибилност меѓу знаците.

Некои љубовни катастрофи се запишани во ѕвездите, а ова се 12-те најлоши хороскопски комбинации:

Овен и Бик

Овните имаат силна волја, а Биковите се тврдоглави, и кога еднаш ќе ги вкрстат роговите, никој нема да попушти прв во таа битка. Бикот постојано ќе сака да знае каков е статусот на врската, а тоа го нервира Овенот. Кога е повеќе од јасно дека се приближува крајот на врската, Овенот посакува тивко да исчезне, додека Бикот ќе сака безброј објаснувања.

Бик и Стрелец

Биковите вообичаено преферираат тивки вечери дома, а Стрелецот сака да излегува и секогаш е подготвен за забава. Стрелците уживаат во ментални игри, за нив тоа претставува забава, во кое Бикот не наоѓа ниту најмала трошка задоволство. Стрелецот е навистина преголем залак за еден Бик. Стрелците обично имаат многу врски позади себе и не ги сфаќаат работите премногу сериозно.

Близнаци и Јарец

Дали го знаете рецептот за катастрофа? Тогаш земете еден хороскопски знак кој е познат по љубовта кон забавата и бескрајните разговори (Близнаци) и спојте го со знакот кој е вистински воркохолик и го има испланирано секој детаљ од својот живот (Јарец). Јарците не се љубители на спонтаноста, а тоа ќе ги изнервира Близнаците прилично брзо.

Рак и Водолија

Ракот е приврзан за домот, додека Водолијата има слободен дух. Ракот е исто така прилично независен и може да почувствува како Водолијата не му е потребна, но истовремено сака да му се признае дека партнерот му е целосно предаден. Ракот нема да е воопшто среќен кога Водолијата ќе ги истакнува грешките кои тој ги прави, а вистината е дека Раковите се прилично подложни на правење грешки.

Лав и Скорпија

Скорпијата нема да ви дава комплименти и да ви ласка, а Лавот е зависен од внимание, мислејќи дека е најшармантен, прекрасен и флертувачки настроен знак. Лавот никогаш нема да го добие вниманието и пофалбите кои смета дека ги заслужува, а Скорпијата има тенденција да стане прилично љубоморна на него.

Девица и Стрелец

Ниту еден од овие два знаци не сака да се обврзе во партнерството. Стрелците се прилично безгрижни според мислењето на Девицата и не размислуваат за своите постапки и последиците додека ги повредуваат луѓето. Стрелецот може да исчезне со недели, а Девицата нема да го трпи ова однесување.

Уште 6 парови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg